7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родител

Сите ние сме го преживеале детството, но често забораваме на тоа. Длабоко во себе знаеме како да постапуваме со децата, но во секојдневието ни недостига трпеливост и мудрост за да го изведеме тоа правилно. Во продолжение прочитајте кои се 7–те важни работи кои можат да помогнат, како во формирањето на личноста на детето, така и во процесот на воспитување од страна на родителите:

7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родител

1. Обичниот родител е убеден дека своето слободно време треба да биде целосно посветено на детето, а притоа своите интереси ги става во втор план.

– Мудриот родител е способен да се грижи сам за себе, а на тој начин ги учи и своите деца за тоа.

2. Обичниот родител ги поминува вечерните часови во помагање на детето со домашните задачи.

– Во воспитувањето на детето, мудриот родител се придржува кон следнава стратегија: детето е одговорно за својата домашна задача, без разлика дали таа ќе биде уредно или неуредно сработена.

3. Обичниот родител се обидува да се ослободи од чувството на вина со давање подароци и пари.

– Мудриот родител му дава џепарлак на своето дете, кое самото треба да го распореди за да си купува работи или играчки, кои не се вклучени во семејниот буџет.

7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родител

4. Обичниот родител не се обидува да сфати зошто неговото дете се однесува лошо. Во таквите моменти тој како да не го слуша детето.

– Мудриот родител со целата своја снага се обидува да го сослуша детето, за да може да сфати што се крие под неговото лошо однесување, и така да пронајде начин да му помогне.

7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родител

5. При воспитувањето, обичниот родител има за цел да направи пристоен човек од детето.

– Мудриот родител прави сè за да изгради близок однос со своето дете.

6. Обичниот човек често го разгалува своето дете, дозволувајќи му понекогаш да му се „качи“ на главата.

– Мудриот родител знае дека има право на личен простор, хоби и време поминато без своето дете. Тој ги почитува своите граници, како и оние на детето.

7. Обичниот родител се обидува да го заштити своето чедо од сите животни тешкотии, правејќи го и она што не е потребно.

– Мудриот родител му дозволува на своето дете да прави грешки, а потоа заедно со него дискутира за лекциите кои детето може да ги извлече од дадената ситуација.

Прочитајте ги и овие 5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар