12 намирници кои не дебелеат и можете да ги јадете во огромни количини

12 намирници кои не дебелеат и можете да ги јадете во огромни количини

На сите ни е познато дека не постои храна без калории, но американската нутриционистка д-р Лиса Јанг открива 12 намирници кои можете да ги јадете во големи количини, а притоа да не се здебелите. Ова листа ја сочинуваат овошје и зеленчук без скроб. Всушност, станува збор за овошје и зеленчук кои имаат многу вода, кои се многу здрави, содржат хранливи влакна кои даваат чувство на ситост и имаат многу малку калории. Иако не изобилуваат со многу протеини, тие се полни со витамини, антиоксиданси и голем број други хранливи материи кои се добри за здравјето. Д-р Јанг вели дека после секојдневното консумирање на овие 12 намирници вашиот организам ќе ви биде благодарен, а вие ќе бидете исклучително задоволни со вашата линија.

1-12-namirnici-koi-ne-debeleat-i-mozhete-da-gi-jadete-vo-ogromni-kolichini-www.kafepauza.mk_

1. Кељ

Содржи многу малку калории. Една порција, околу 150 грама сиров кељ содржи само 33 калории, но има скоро 3 грама протеини и околу 2,5 грама хранливи влакна кои ќе ве заштитат. Содржи и омега-3 масти, кои најчесто се наоѓаат во рибата. Кељот е богат со витамини и фолна киселина.

2. Целер (стебло)

Скоро 95% од стеблото на целерот е вода, а богато е и со калиум, фолна киселина, влакна и витамин К. Една порција содржи 6 калории. Најдобро е да го консумирате стебленцето сирово, а треба да имате на ум и дека после пет до седум дена чување во фрижидер тој губи многу антиоксиданси.

3. Боровинки

Уште од претходно се познати по богатството од антиоксиданси. Содржат повеќе од кое било друго овошје. Една лажичка содржи само 85 калории.

4. Краставица

Ова овошје е составено од вода. Има многу малку калории, а најдобро е да се консумира со кора, бидејќи таа е богата со хранливи влакна и витамин А, односно бета каротин, што е одлично за видот.

2-12-namirnici-koi-ne-debeleat-i-mozhete-da-gi-jadete-vo-ogromni-kolichini-www.kafepauza.mk_

5. Домат

Најпознат е по големата количина ликопен, кој придонесува за намалување на холестеролот и крвниот притисок, а црвените пигменти од доматот се силен антиоксиданс кој го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Најдобро е да го консумирате свеж, но здрав е и во преработен облик. Полн е со витамин А, Ц и Б2, содржи хранливи влакна, фолна киселина и калиум.

6. Грејпфрут

Грејпфрутот ги топи мастите и е одличен за губење килограми. Се смета за диетална намирница. Полн е со хранливи влакна, па дава долго време чувство на ситост, односно го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Во една половина од оваа овошка има само 50 калории. Витаминот Ц од грејпфрутот го намалува ризикот од бројни здравствени проблеми. Го намалува холестеролот, го подобрува варењето, штити од рак и срцеви заболувања. Тој е идеална храна за трудниците.

7. Брокула

Доста хранлив зеленчук кој се јаде сирово или зготвено на пареа. Содржи сулфорафан, кој делува антиканцерогено така што во цревата ја зголемува концентрацијата на некои корисни ензими. Заедно со витамините А, Ц, Е и К во една порција брокула која е лесно зготвена на пареа има само 20% од дневната количина хранливи влакна кои му се потребни на организмот. Во неа има само 31 калорија.

8. Диња

Дињата е полна со бета каротин, изобилува со витамин А кој помага за здравјето на очите и добриот вид. Едно парче од ова овошје го збогатува организмот со калиум, но и со потребната дневна количина на витамините А и Ц. 90% од дињата е вода, а една порција содржи само 55 калории.

3-12-namirnici-koi-ne-debeleat-i-mozhete-da-gi-jadete-vo-ogromni-kolichini-www.kafepauza.mk_

9. Карфиол

Доста хранлив, карфиолот е полн со антиоксиданси, односно кверцетин, фитохемикалии кои изобилуваат со антиоксиданси. Карфиолот помага во борбата против хроничните болести и е одличен извор на фолна киселина, хранливи влакна, витамини Ц и К. Една порција содржи 25 калории.

10. Капини

Исто како и останатите бобинки, така и капините се полни со витамин Ц и биофлавноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на слободните радикали. Ја зголемуваат апсорпцијата на витаминот Ц и помагаат при зачувувањето на колагенот, што е добро за кожата. Во една порција има само 62 калории.

11. Портокал

Кога ќе се спомне ова овошје, сите ние најпрво помислуваме на витаминот Ц, но портокалот има уште многу други корисни состојки. Покрај витаминот Ц, тој е богат со витамините Б1, Б6 (фолна киселина) и А, како и со калиум, калциум и хранливи влакна. Спаѓа помеѓу најсилните борци против ракот и содржи дури 58 познати антиканцерогени состојки, повеќе од која било друга храна. Портокалот со средна големина содржи околу 80 калории.

12. Јагоди

Во една порција јагоди има повеќе витамин Ц отколку во еден портокал. Доволна е една порција од 150 грама за да се задоволи дневната доза на витамин Ц. Полни се со полифенол, еден вид антиоксиданс. Содржат калиум и хранливи влакна, богати се со вода (дури 90%), сиромашни со шеќер (10%) и целулоза. Тие се едно од најмоќните калорични овошја – само 35 калории на 100 грама.

4-12-namirnici-koi-ne-debeleat-i-mozhete-da-gi-jadete-vo-ogromni-kolichini-www.kafepauza.mk_

Секако, освен регулирањето на исхраната, важна е и физичката активност, а ние ви ги препорачуваме овие 9 забавни спортови со кои ќе потрошите најголем број калории. Бидете подготвени да им кажете збогум на килограмите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар