10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Речиси секој сака да биде слаб и во добра форма. Но, бројните диети можат да бидат навистина тешки, а резултатот брзо исчезнува. Покај тоа, зафатениот животен стил за многумина го прави вежбањето невозможно. Сепак, постојат некои едноставни работи кои ќе ви помогнат да ја добиете посакуваната фигура без многу напор. Погледнете за кои станува збор.

1. Не заборавајте да пиете вода

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Знаете дека водата дава живот и дека треба да ја пиете. Но дали знаевте дека ако ја пиете во вистинското време, таа ќе направи чуда за вашиот метаболизам? Најдобро е да пиете 1 до 2 чаши вода 30 минути пред оброкот. На овој начин вашиот стомак ќе биде делумно наполнет, па ќе изедете помалку. Овој режим на пиење вода ќе ја отстрани и желбата за благо.

2. Обрнете внимание на храната

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Направете го јадењето мал ритуал. За ова не ви е потребно многу време. Седнете на маса, не брзајте, не се обидувајте да правите нешто друго, не размислувајте за проблемите, не гледајте телевизија и немојте да разговарате на телефонот. Потребно е да бидете само вие и вашиот оброк. Бидете свесни за она што го јадете и како го јадете. Ова ќе ви помогне подобро да го почувствувате вкусот на храната и да изедете помалку. Јадете што е можно побавно, за телото да ви сигнализира на време кога ќе бидете сити.

3. Користете помала чинија и стапчиња за јадење

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

За да не размислувате премногу за големината на вашата порција, користете помала чинија и изедете ја само храната што ја собира во неа. Кога користите стапчиња, ќе јадете побавно, а ова ќе направи да се чувствувате сити без да изедете многу. Ако не можете да користите стапчиња, одберете помала лажица, или пак јадете со раката која не ви е доминантна.

4. Спијте повеќе

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

И спиењето е дел од вашата исхрана. Кога спиете, не јадете. Покрај тоа, квалитетниот сон има добро влијание на метаболизмот и го одржува нивото на хормоните кои ви помагаат да останете во форма. Исто така, за време на спиењето вашето тело согорува од 50 до 100 калории на час.

5. Спијте во студена просторија

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Намалете го греењето или отворете го прозорецот. Истражувањата покажале дека спиењето на температура од 19 степени Целзиусови му помага на вашето тело да се ослободи од калориите бидејќи ги согорува со цел да ја одржи својата температура.

Продолжува на следната страница


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар