10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи - Part 2

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

6. Додајте согорувачи на масти

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Нема потреба да се откажувате од омилената храна. Доволно е да ја направите исхраната поразновидна со тоа што ќе додадете лосос, јајца, јаткасти плодови, лути пиперки и зелен чај во неа. Ова ќе ви помогне да го забрзате вашиот метаболизам и поефикасно да согорувате калории. Дури и аромата на цитрусните овошја или нането можат да ви го намалат апетитот.

7. Заборавете на забраните

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Ако сакате да изедете колаче или малку чоколадо, направете го тоа. Но изедете едно наместо 3 или 5. Исто така јадете ги овие работи наутро за да имате време да ги согорите калориите во текот на денот. Строгите забрани не се добри бидејќи предизвикуваат стрес, а со ова се покачува нивото на лошите хормони.

8. Измијте ги забите

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Нека ви стане навика да ги миете забите по секој оброк. Ова ќе ви помогне да не јадете веднаш после оброкот. Прво, знаете дека храната нема добар вкус по миењето на забите, а второ, сигурно ќе ве мрзи повторно да ги миете забите.

9. Смејте се

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Според едно истражување, кога се смееме трошиме 20% повеќе енергија отколку кога се одмораме. Покрај тоа со смеењето ги активираме стомачните мускули. Па, најдете некоја добра комедија и почнете со „вежбање“.

10. Користете топли облоги

10 едноставни совети за слабеење ако сте мрзливи

Овој метод можете да го користите додека гледате телевизија или читате нешто. Топлината прави да се потите, а на овој начин се ослободувате од вишокот течности во вашето тело. Користете топли облоги ако сакате да го намалите обемот на одредени делови од телото. Некои од најпопуларните облоги се оние со ѓумбир или сол. За да го зголемите ефектот и за подолго да ја задржите топлата облога, можете да користите фен за коса.

Сигурно веќе знаете дека најтешкиот дел од слабеењето е да останете мотивирани. Па, погледнете како да ја одржувате вашата мотивација за слабеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар