15 земји каде што згодните мажи се главната туристичка атракција

15 земји каде што згодните мажи се главната туристичка атракција

Зголемениот интерес за патување создаде некои многу необични практики. Така на пример, онлајн списанието Insider Monkey направило листа на земји каде што живеат најзгодните мажи на планетава. Листата се заснова на резултатите од меѓународните избори за убавина како што се Менхант интернационал, Мистер глобал, Мистер интернационал и Мистер на светот. Секоја земја добила по еден поен доколку победила на некој од овие натпревари. За победа во категориите за најголема харизма, најголема популарност на Интернет, најдобро тело, најдобар модел, најшармантна насмевка и избор на публиката се добивало по половина поен. Па, дали сте подготвени да дознаете каде живеат најзгодните мажи во светот? Погледнете ја следнава листа почнувајќи од земјата што се најде на последното место…

15. Јужна Кореја

15 земји каде што згодните мажи се главната туристичка атракција

Ли Су-хјук

Јужна Кореја не е на прво место кога станува збор за избори за убавина, но претставниците на оваа земја многу често добиваат награди од категоријата за најголема харизма, најдобро тело и најдобар модел.

14. Франција

15 земји каде што згодните мажи се главната туристичка атракција

Ричард Дес

Французите победиле на изборите Менхант интернационал во 2002 и Мистер на светот во 2015 година. Тие исто така имаат добиено награда за најголема харизма.

13. Турција

15 земји каде што згодните мажи се главната туристичка атракција

Јусуф Чим

Учесниците од Турција победиле на изборот за Мистер на светот во 1996 и на Менхант интернационал во 2005 година. Тие имаат уште една победа во категоријата за најдобро тело во 2016 година.

12. Чешка

15 земји каде што згодните мажи се главната туристичка атракција

Том Думбровски

Претставниците од Чешка победиле на изборот за Мистер глобал во 2016 година. Како што може да се види и од фотографијата, Чесите сосема заслужено победиле и во категоријата за најголема фотогеничност.

11. Мјанмар

15 земји каде што згодните мажи се главната туристичка атракција

Марко Виктор

Мјанмар ја доби титулата Мистер глобал во 2014 година и извојува победа во категориите за најдобар модел и најголема популарност на Интернет.

Продолжете на следната страница за останатите згодни мажи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар