Како да ја одржувате вашата мотивација за слабеење?

Почетокот на патот кон губењето на тежината е лесен. Вашата мотивација е на високо ниво и вие сте одлучени дека овој пат еднаш засекогаш ќе ја постигнете вашата цел. Цело време внимавате што јадете и одите редовно во теретана. Но, по некое време животот почнува да ви се меша. Одвреме-навреме почнувате да мамите со диетата велејќи си на себе дека само еднаш нема да ви наштети. Се убедувате дека вежбањето кое го пропуштате не е толку важно како што експертите велат. И набрзо, сфаќате дека целосно сте се вратиле на вашите стари навики – како и на старите фармерки.

Како да ја одржувате вашата мотивација за слабеење

Нешто што голем број од луѓето не сфаќаат за мотивацијата е дека за да можете да ја одржувате здрава и силна, потребна е континуирана работа. Тоа е исто како миењето на вашите заби. Мора секојдневно да ги миете доколку сакате да имате сјајна насмевка. Ако сакате да имате и сјајно тело, ќе мора да најдете начин да ја одржите вашата мотивација за вежбање и за конзумирање здрава исхрана.

1. Имајте визуелна цел

Колку повеќе можете да ја видите крајната цел, толку повеќе ќе се охрабрувате. Вашата желба полека, но сигурно ќе станува незапирлива и тешко кршлива.

Еден начин на кој можете да го постигнете ова е доколку направите колаж од фотографии кои ќе го претставуваат она што го очекувате од себе кога ќе ја постигнете целта. Не е важно колку е голем или мал, важно е постојано да биде во вашиот видик. Другиот начин е да создадете некаков на визуелна цел за губење на вашата тежина. На пример, можете да декорирате 2 тегли и едната од нив да ја пополните со онолку шарени камчиња колку што сакате да загубите килограми. Како што ќе ја намалувате вашата тежина, така ќе ги префрлате камчињата од едната во другата тегла. На овој начин можете активно да го следите вашиот напредок.

2. Славете го целиот напредок

Една од главните причини поради кои мотивацијата опаѓа во првите неколку недели од започнувањето на нешто ново е бидејќи вие не ги славите вашите мали победи по патот. Тоа е како да не можете да уживате во плодовите од вашиот труд сè додека не стигнете до крајната цел.

Како да ја одржувате вашата мотивација за слабеење

Не чекајте го крајот за да се пофалите себеси за целиот вложен труд и за сите промени кои сте ги постигнале, без разлика на тоа колку мали и незначајни ви изгледаат. Запомнете, тие се последица од огромна храброст и обврзаност. Кога го почитувате тоа, вие се почитувате и себеси и ја обновувате вашата енергија за постигнување и други успеси.

3. Ослободете се од вагата

Проблемот со вагата во вашето купатило е дека таа не го мери само „вишокот“ во вашето тело, туку ги опфаќа и мускулите, коските, крвта, органите и ткивата. Па, доколку тоа е единствениот метод на мерење кој го употребувате во вашата авантура на губење килограми, тогаш никогаш нема да знаете точно колку маснотии сте изгубиле. И никако не заборавајте дека доколку ги затегнувате мускулите, поради зголемувањето на мускулната маса вашата тежина ќе се зголеми.

Исто така, голем број од луѓето имаат емоционална врска со нивната вага. Тие и дозволуваат таа да им „диктира“ дали денот ќе им биде добар или лош. На овој начин тие ја мерат својата самодоверба, не телесната тежина, што е многу нездраво. Доколку сакате прецизно мерење на вашите маснотии, тогаш обратете се кај професионалец. Тие ќе ве тестираат и ќе ви помогнат да го пронајдете најбрзиот и најдобриот начин на слабеење за вас.

5. Направете „зошто“ листа

Секој сака да изгуби тежина поради некои свои причини. Некои луѓе сакаат само да изгледаат подобро, други сакаат да си го подобрат своето здравје, а некои пак сакаат едноставно да се чувствуваат поудобно во својата кожа. Доколку вие сакате да останете мотивирани за време на целиот процес, тогаш ќе морате да ги разберете вашите одговори на прашањето „зошто“.

Како да ја одржувате вашата мотивација за слабеење

Направете листа која ќе ги содржи сите причини зошто сакате да ослабете. Навлегувајте во што е можно повеќе детали, вклучувајќи ги сите придобивки кои би можеле да ги добиете со слабеењето. Што повеќе знаете за оние нешта кои ве мотивираат, толку полесно ќе можете да ја постигнете вашата цел.

4. Опкружете се со мотивациски медиуми

Дали ќе го направите тоа со позитивна книга, инспиративна песна или пак, со мотивациски цитати… Тоа останува на вас. Важно е што повеќе да се опкружите себеси со мисли кои ќе ви дадат моќ. Но, ова не мора да биде само за губењето тежина. Може да биде за која било област во вашиот живот каде што сакате да се искачите на повисоки нивоа.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар