Топ 5 содржини за изминатата недела (8.8.-14.8)

Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (8.8.-14.8)

1. Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

Кога ќе се погледнат за 250 пати поголеми од реалната големина, зрната песок имаат фантастична, колоритна структура и се уникатни како снегулките. Погледнати низ микроскоп, тие потсетуваат на делови од кристали, парчиња од спирални школки и ронки од вулканска карпа.
.

2. Астрологијата и вашите најдобри пријатели

Какви сакате да бидат вашите најдобри пријатели? Со кои најдобро ќе се журкате и ќе поминувате безброј часови заедно? Кои ќе бидат покрај вас, во моментите кога тоа ви е најпотребно? Дознајте што вели зодијакот за пријателите и карактеристиките кои ги имаат нивните хороскопски знаци.
.

3. Интересни туторијали за нокти

Ноктите на секоја припадничка на понежниот пол треба да бидат средени. Со тоа се постигнува впечаток на педантна личност која се грижи за секој дел од своето тело. Во летото ноктите се особено важни, а интересните и лесни дизајни никогаш не се на одмет.
Затоа еве неколку интересни туторијали кои се надевам ќе ги красат вашите нокти!
.

4. Изнајмете го островот во форма на срце

Сопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот се наоѓа на реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.
.

5. Надреални автопортрети од 16 годишно момче

Овој талентиран 16-годишен фотограф доаѓа од Дуизбург, Германија, а неговото име е Филип Шумахер. Тој веќе две години активно се занимава со фотографирање. Инспириран е од познатите фотографи Алекс Стодард, Роузи Харди и Брук Шаден, кои својата работа ја споделуваат на „Фликр“.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар