Одморајте се во бањите во Србија

Одморајте се во бањите во Србија

Србија е земја со долга традиција на бањски туризам и големо искуство во примената на разни здравствени третмани. Бањите во Србија постојано се прилагодуваат на потребите на различни генерации и денес претставуваат туристички места во сочувана природна средина, посетени во текот на целата годината, со многу културни и забавни настани и голем број можности за модерни спа и велнес третмани. Затоа не е чудно што сѐ повеќе, заради одмор, уживање и опоравување, доаѓаат многу млади и здрави туристи од земјата и регионот.

 

ВРЊАЧКА БАЊА

Модерна спа дестинација

1 Vrnjacka banja Wellness centar (kafepauza.mk)

Оддалечена 230 километри од Белград и 310 км од Скопје, Врњачка бања има долга традиција како туристичка дестинација и дестинација за лечење. Римјаните препознале потенцијал на ова место и уште помеѓу 2 и 4 век од н.е. во ова место се наоѓала AQUA ORCINAE, место за лечење и за опоравување на римските војници.

Модерната бања има долга традиција од 150 години – официјално, првата сезона во бањата е отворена во 1868 година.

Врњачка Бања отсекогаш била модерно место кое го посетувале кралеви, владетели и познати личности од тоа време. По квалитетот на термалните води и техниката на лекување, бањата е ставена во ранг со бањите во Карлови Вари и Баден Баден.

Топлата вода во Врњачка Бања има температура од 36,5 степени Целзиусови, колку што е температурата на човечкото телото, по што е единствена во Европа.

Велнес туризам

Модерниот здравствен центар „Меркур“ во своите рамки нуди Fons Romanus – велнес центар, кој има 24 видови масажа, купка за кралот и купка за кралицата, ориентална купка подводна масажа, сауна, џакузи, антистрес и програми за релаксација.

„Kavifit“ и „Kavilift“ се нови современи методи за обликување на лицето и телото со липосукција без хируршки методи.

Аква центарот „Waterfall“ нуди пливање и опуштање во затворен базен наполнет со топла лековита вода со температура од 29°C.

Покрај спа и велнес програмите во Врњачка бања и во околината, посетителите можат да ги посетат манастирите Жича, Студеница, Калениќ, Љубостиња, да се возат со кајак низ брзата река Ибар, да ја посетат тврдината Маглиќ… Бањата е и место на одржување голем број манифестации, како што се Врњачко културно лето, Врњачки карневал, музичкиот фестивал The Love fest…

Информации: vrnjackabanja.co.rs

 

СОКОБАЊА

Еколошки скапоцен камен во срцето на Србија

Скриен во долината помеѓу планините Озрен и Ртањ, на бреговите на реката Моравица, Сокобања е оддалечена 234 километри од Белград и 260 км од Скопје.

На ова место бањата постоела уште во римско време, за што сведочат бројни археолошки остатоци. На темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во Соко Бања. Специфичната клима, богатата флора и фауна и богатото културно историско наследство придонесоа за Сокобања во 1992 година да биде прогласена за првата еколошка општина во Србија.

3 sokobanja spec bolnica Dragan Bosnic (kafepauza.mk)

Велнес туризам

„Амам Бања“ нуди луксузни велнес и спа програми кои на гостите им пружаат можност за релаксација и одмор. На посетителите им се достапни и здравствени програми, фитнес програми, програмата „Soko life“ за намалување на телесната тежината.

„Соко бања“ велнес центарот, покрај реката Моравица, на гостите им нуди финска сауна, амам бања, солена соба, различни програми за масажа, џакузи, базени и спортски терени.

„Podina“ аква паркот, исто така, во понудата има базени за деца и возрасни, водени тобогани и комплетна понуда за забава на вода.

Сокобања, покрај квалитетната спа понуда, на гостите им нуди и бројни други содржини. Туристите можат да ги посетат остатоците од тврдината Сокоград, излетничките места на планините Озрен и Ртањ, плажите на Моравица, водопадот на Рипаљка, Бованското езеро. Во бањата можете да ја посетите манифестацијата Бањско културно лето и „Златни раце на Сокобања“.

Информации: otks.org.rs

 

ПРОЛОМ БАЊА

Кристален антички извор

4 prolom banja hotel (kafepauza.mk)

Лоцирана во јужна Србија, оддалечена 290 километри од Белград и 260 км од Скопје, на падините на планината Радан, Пролом бања е опкружена со недопрена природа.

На овие простори се откриени остатоци од бањи од 3 век п.н.е., и постојат наводи дека овде е најстарата бања на светот. Следејќи го ова откритие, во 1928 година почнува модерната експлоатација на минерална вода.

Термалните води на Пролом бања имаат температура од 30°C и 33,8°C, а интересен факт е дека од бањата се флашира вода којa е без хемиски модификации.

5 prolom banja sauna (kafepauza.mk)

Велнес туризам

На гостите во бањата на располагање им се отворени и затворени базени со лековита вода, сауна, солена соба, парна бања, разни видови масажа.

За гостите од бањата редовно се организираат излети до Ѓавоља варош, единствена природна реткост. Туристите може да го посетат и храмот Свети Лазар, манастирот Свети Никола, археолошкото наоѓалиште Плочник, кое датира од периодот од 7000 година п.н.е.

Информации: prolombanja.com

 

ЛУКОВСКА БАЊА

Бања на најголема надморска височина

6 lukovska banja h jelak Dragan Bosnic (kafepauza.mk)

Луковска бања се наоѓа во југот на Србија, оддалечена 278 километри од Скопје. Бањата е опкружена со недопрена природа на источните падини на планината Копаоник, на надморска височина од 681 метри.

Лековитите својства на Луковска бања неодамна се препознати и почнале да се користат, меѓутоа, остатоците од римскиот период сведочат дека бањата е користена уште во античко време и дека во текот на Средниот век ја користеле и рударите од околните рудници.

7 lukovska banja masaza (kafepauza.mk)
Велнес туризам

Луковска бања нуди одлични услови за рекреација и одмор. Затворените базени и базените со минерална вода може да се користат во текот на целата година. Бројните терени за мали спортови, обележаните патеки за пешачење и велосипеди нудат одлични услови за подготовки за спортистите. Бањата располага со ски-патека со должина од 300 метри.

Црквата на Светите апостоли Петар и Павле, која се наоѓа во Луковска бања и црквата Св. Мине од 17 век во близина на бањата се само некои од знаменитостите кои гостите можат да ги посетат за време на нивниот престој. Исто така е можно да ги посетат манастирите Св. Никола и Света Богородица, како и единствениот природен феномен Ѓавоља Варош.

Информации: lukovskabanja.com

 

БУКОВИЧКА БАЊА

Кралски извор

8 Bukovicka banja izvor Dragan Bosnic (kafepauza.mk)

Аранѓеловац и Буковичка бања се лоцирани во централна Србија, оддалечени 78 километри од Белград и 387 км од Скопје. Бањатa се наоѓа во средината на прекрасниот парк опкружен со стогодишна шума.

Буковичка бања има 200 години долга традиција, иако лековитите својства на водата во овој крај се познати многу подолго. Бањата официјално започнала со работа во 1811 година. Буковичка бања била омилено место за одмор за кралските семејства Обреновиќ и Караѓорѓевиќ.

Велнес туризам

Што се однесува до гостите во Буковичка бања, кои бараат место за одмор и релаксација, на располагање им се затворени базени со млековита вода, сауна, хидро масажа, хелио терапија, фитнес центар. Хотелот „Извор“ во својот состав има модерен аква-парк. Во бањата, се наоѓаат 4 извори на ладна минерална вода на температура од 13-14 степени Целзиусови, и еден хипотермален извор на температура од 25 степени Целзиусови.

Симбол на Буковичка бања е величествениот парк украсен со цветни леи на ретки растенија, кој претставува галерија на скулптури настанати за време на традиционалната уметничка манифестација „Мермер и звуци“. Во текот на летото манифестацијата има бројни изложби, концерти и филмски проекции.

Гостите можат да ја посетат црквата Свети Ѓорѓи и мавзолејот на кралската династија Караѓорѓевиќ во Опленац, пештерата Ристовац, историскиот комплекс „Орашац“ и винарската визба во близина на Топола.

Информации: bukovickabanja.rs

 

БАЊА ВРДНИК

Оаза на мир и тишина

10 vrdnik setnja (kafepauza.mk)

Бањата Врдник, оддалечена 74 километри од Белград и 508 км од Скопје, се наоѓа на падините на Фрушка Гора, првиот национален парк во Србија. Падините на Фрушка Гора се украсени со лозја, овоштарници и листопадни шуми.

На почетокот, Врдник бил рударска населба. Во текот на испитувањето на рудата, термалните води ги полнеле јамите, но дури во 1970 година Врдник постанал бањско летувалиште со комплетен сместувачки капацитет и инфраструктура.

Велнес туризам

9 Vrdnik Aqua Premier Vladimir tatarevic (kafepauza.mk)

Модерниот здравствен комплекс има стручен кадар кој се фокусира на програми за превенција и велнес програми.

Гостите на бањата можат да користат отворен олимписки базен, затворен терапевтски базен, сауна, фитнес центар. На располагање им се и третмани со хидро терапија, електро терапија, терапија Sono.

Термалните води на Врдник, со температура од 32,5°C имаат широк спектар на позитивно дејство на човечкиот организам. Чистиот воздух на оваа бања се рангира во редот на воздушни бањи.

Во Врдник се наоѓаат манастирот Раваница и Врдничка кула – локалитет од римскиот период. Во околината, гостите можат да го посетат Националниот парк „Фрушка Гора“, Сирмиум – археолошко наоѓалиште од римскиот период, Сремски Карловци – барокни градиќ и нивните винарски визби…

Информации: turorgirig.org.rs

 

За повеќе информации, посетете ја www.srbija.travel.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар