Само пријатели? Дознајте како секој хороскопски знак покажува дека не сака ништо повеќе од пријателство

Не може секој да биде заинтересиран за секого. Понекогаш не постои привлекување од двете страни и сѐ што бара едната личност е помеѓу нив да постои само пријателство. Но, не секој го покажува ова на ист начин. Имено, во зависност од хороскопскиот знак, вие ќе слушнете различни изговори, а еве кои се најкарактеристичните за секој од нив.

Тие сакаат да бидат само пријатели со вас: Еве кој изговор ќе ви го каже секој хороскопски знак

Овен

Тие ќе ви кажат дека се фокусирани на работата и дека не сакаат некој да им го одвлекува вниманието од достигнувањето на нивните цели.

Бик

Од нив ќе слушнете дека само што излегле од лоша врска и дека им треба малку време да се фокусираат на себе и на своите приоритети.

Близници

Овие личности ќе ви кажат дека најпрво сакаат да бидете пријатели, па кој знае што може да се случи во иднина.

Рак

Личностите родени во знакот на Рак ќе ви кажат дека веќе биле повредени многу пати и дека им треба малку време за да заздрават пред повторно да преземат ризик.

Лав

Овие личности ќе ви кажат дека се плашат дека може да ви го скршат срцето затоа што е тешко да се справите со нив.

Девица

Тие ќе ви кажат дека не гледаат иднина со вас и дека не сакаат да го трошат вашето време.

Тие сакаат да бидат само пријатели со вас: Еве кој изговор ќе ви го каже секој хороскопски знак

Вага

Личностите родени во знакот Вага ќе ви кажат дека им се допаѓате, но не сакаат да бидете заедно затоа што сметаат дека не се спремни за врска.

Скорпија

Тие ќе спијат со вас и никогаш повторно нема да ви се јават.

Стрелец

Овие личности ќе ви кажат дека сѐ уште имаат многу работи за правење и дека сакаат да го истражуваат светот пред да започнат да живеат мирен и стабилен живот.

Јарец

Личностите родени во знакот Јарец ќе ви кажат дека имаат многу работи што им се случуваат во животот и дека треба да бидат сигурни дека врската е тоа што го бараат, затоа што не сакаат вие да се справувате со нивните проблеми.

Водолија

Тие ќе ви зборуваат за нивните претходни врски или за некој што им се допаѓа.

Риби

Од овие личности ќе слушнете дека сакаат да се одморат од состанувањата затоа што треба да ја откријат нивната вистинска личност, па одредено време бараат да бидат слободни.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар