Кои хороскопски знаци даваат најдобри совети?

Кои хороскопски знаци даваат најдобри совети?

Ви се случило ли некогаш да не знаете каква одлука да донесете? По многубројните неуспешни обиди самите да одлучите што е најдобро за вас, веројатно се обраќате на вашите родители или најдобри пријатели за совет. Ако имате среќа, овие луѓе точно знаат што да ви кажат во ваквите моменти и секогаш ве советуваат правилно, иако можеби никогаш не доживеале слично искуство. Но, постојат и луѓе кои немаат поим како дадат совет. Па, како да знаете кому да се обратите кога ќе се соочите со некаков проблем?

Кои хороскопски знаци даваат најдобри совети?

Обично, најдобрите советници се луѓето кои се приземни и емоционално интелигентни. Според астрологијата, постојат одредени хороскопски знаци кои секогаш можат да се стават на ваше место и да ви помогнат да ја донесете вистинската одлука. Во продолжение дознајте кои се тие…

Бик

Биковите се богати со секакви искуства и научени животни лекции, па затоа секогаш можат да понудат добар совет. Освен тоа, тие секогаш ќе бидат искрени со вас. Наместо да ја поддржат вашата идеја, тие ќе ви кажат точно зошто не треба да го направите тоа што сте го наумиле. Тие се тука за да ве вразумат, а ако вие не се согласите и си продолжите по свое, Биковите нема да се налутат, бидејќи разбираат дека на крајот на краиштата сепак се работи за ваша лична одлука. Обратете му се на вашиот пријател роден во овој хороскопски знак за совет од областа на љубовта и животот. Тие не се срамежливи и нема да се двоумат дали да споделат интимни детали од нивниот живот, а токму таа особина ги прави одлични соговорници.

Рак

Раковите се емоционално поврзани со сите луѓе во нивното опкружување и токму затоа тие се одлични советници. Тие секогаш ќе ви укажуваат на тоа како вашите избори би можеле да влијаат на другите луѓе во вашиот живот. Нема да се обидат да ве разубедат, но може да ве прашаат дали сте сигурни дека тоа што го правите е добра идеја. Припадниците на овој знак многу добро ги разбираат човечките чувства, така што не двоумете се дали да им се обратите доколку ви треба совет од областа на љубовта и врските. Тие ќе ви помогнат да ги ископате вашите најдлабоки чувства и да откриете што всушност сакате да направите.

Лав

Лавовите се многу добро свесни за последиците од лошите одлуки, така што тие ќе гледаат да ја искористат секоја можна прилика за да ви дадат до знаење како работите би можеле да тргнат наопаку. Изразот што најчесто го користат е „Јас да бев на твое место…“. Тоа е така затоа што Лавовите секогаш се обидуваат да се стават себеси во истата ситуација со цел да ви понудат што е можно подобар совет. Луѓето родени во овој знак знаат многу за животот и не се плашат да донесат погрешна одлука, бидејќи знаат дека тоа ќе им помогне да станат попаметни. Ако ви треба некој кој ја користи својата глава при решавање на проблемите, Лавот е вистинскиот човек за вас.

Кои хороскопски знаци даваат најдобри совети?

Вага

Вагата слободно можеме да ја прогласиме за кралица на советите. Вагите нема да ви дозволат да донесете себична одлука, бидејќи тие се многу објективни и секогаш ги земаат предвид аргументите на двете страни со цел да направат вистински избор. Тие го прават тоа, бидејќи сметаат дека секој човек заслужува шанса да го докаже она што мисли дека е правилно. Ако ви треба совет околу тоа како да направите компромис, Вагата е секогаш тука да ви помогне. Припадниците на овој знак ќе ви помогнат да воспоставите рамнотежа и да ја зачувате хармонијата во односите со другите луѓе.

Јарец

Јарците знаат дека не мора да послушате нечиј совет за да донесете одлука. Доколку ви е тешко да одлучите дали треба да се однесувате како што треба или да правите драми, Јарецот ќе ве освести и ќе ви помогне да донесете зрели одлуки. Ова е особено корисно во ситуации кога се карате со некој поранешен партнер или пријател. Јарците веруваат дека ќе стигнете многу подалеку во животот доколку се однесувате како возрасни, а не како деца. Тие се приземни и секогаш размислуваат со главата. Никогаш нема да ве осудат поради вашите животни избори, но ќе ви понудат подобри алтернативи.

Риби

Рибите припаѓаат на онаа група луѓе кои знаат да дадат одличен совет, и покрај тоа што никогаш не се нашле во истата ситуација. Ако барате искрен и директен совет, доверете им се на Рибите. Тие најдобро можат да ги разберат вашите љубовни проблеми, но нема да погрешите и да побарате помош поврзана со нешто друго. Внимателно слушајте ги нивните совети, бидејќи тие навистина ќе можат да ви помогнат. Рибите знаат дека понекогаш е многу тешко да се донесе вистинската одлука и ќе се обидат да ви укажат на тоа дека треба да бидете разумни, а не слепо да го следите срцето.

Прочитајте и каков совет му е потребен на секој хороскопски знак во 2017 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар