Ѕвездите ја откриваат морничавата страна на вашиот хороскопски знак

Ѕвездите ја откриваат морничавата страна на вашиот хороскопски знак

Луѓето кои веруваат во астрологија, сметаат дека поголемиот дел од нивните карактерни особини се предодредени од страна на нивниот хороскопски знак. Ова важи и за позитивните, но и за поморничавите страни на карактерот. Дознајте кои се вашите најморничави карактеристики според хороскопскиот знак…

Ѕвездите ја откриваат морничавата страна на вашиот хороскопски знак

Овен

Силниот Овен секогаш размислува за смртта. Понекогаш станува збор за нивната смрт, а понекогаш за смртта на нивните сакани. Можеби ви звучи морничаво, но доколку сте родени во овој знак, сигурно знаете колку сте опседнати со смртта.

Бик

Сигурно знаете колку се морничави Биковите доколку сте имале прилика да бидете во љубовна врска со нив. Не е важно дали сѐ уште ве сакаат или не, тие ќе продолжат да ве „демнат“ на социјалните мрежи. Припадниците на овој знак секогаш ќе ве надгледуваат. Нека не ве фрустрира ова, бидејќи оваа навика е во нивната природа и не можете ништо да сторите во врска со тоа.

Близнаци

Близнаците се родени лажговци. Тие секогаш измислуваат приказни и ја раскажуваат нивната верзија на реалноста. Тие се толку вешти раскажувачи што навистина е тешко да не им се поверува, колку и да е нелогично тоа што го зборуваат.

Рак

Раковите многу ги сакаат нивните партнери, но ја преминуваат границата помеѓу љубовта и опсесијата. Тие се опседнуваат со секакви работи. На овој начин многу си го отежнуваат животот. Не им даваат простор на нивните партнери, поради што тие почнуваат да се чувствуваат како во затвор и врската страда.

Лав

Лавот е кралот на џунглата, но работите што е подготвен да ги направи за да покаже дека е најдобар се навистина страшни. Припадниците на овој знак сакаат да им докажат на сите дека никој не е подобар од нив. Лавовите сакаат да бидат обожувани и подготвени се да сторат сѐ за да ја постигнат целта. Опседнати се самите со себе и секогаш сакаат да го покажуваат својот авторитет. Тоа не им се допаѓа на многумина, но на Лавовите не им е гајле.

Девица

Зад нејзината смирена природа, Девицата крие тајни фетиши. Тоа е сосема во ред. Девиците не сакаат да ја изразуваат нивната сексуалност, но сонуваат за тоа да ја истражат. Не го откриваат тоа во врска со себе, бидејќи се срамат да разговараат за такви работи.

Ѕвездите ја откриваат морничавата страна на вашиот хороскопски знак

Вага

Вагите се многу љубопитни. Тие ги знаат најморничавите работи што постојат на светот. Не можат да им одолеат на видеата со одвратни содржини и секогаш кликаат на разните линкови што се појавуваат на Интернет. Вагите се запознаени со сите ужаси на планетава, но не практикуваат ниту еден од нив.

Скорпија

Сите знаат дека Скорпиите се одмаздољубиви. Тие многу размислуваат и нивните мисли се мрачни. Припадниците на овој знак уживаат да сонуваат за брутални убиства. Тие секогаш си замислуваат како убиваат некого, без разлика дали жртвата е возрасен човек или дете.

Стрелец

Стрелците ги потиснуваат нивните емоции. Тие не чувствуваат ниту среќа ниту тага. Поминале низ толку многу работи, што ништо не им е повеќе важно. Многу се рамнодушни, без разлика што им се случува.

Јарец

Нивната скромност крие многу мрачна страна. Јарците обожуваат да си замислуваат како ги убиваат нивните сакани. Сте се скарале со партнерот или партнерката? Фантазирате што би се случило кога би ги убиле. Ве изнервирал шефот на работа? Додека работите прекувремено, правите планови за убиство. Ваквите мисли ви предизвикуваат големо задоволство и возбуда.

Водолија

Водолиите не се толку мрачни како останатите знаци, но размислуваат за смртта. Поточно, тие размислуваат што би кажале на погребот на нивните сакани. Се прашувате каков говор би одржале кога би ви починал некој близок. Понекогаш знаете да фантазирате за овие настани со часови.

Риби

Рибите сакаат да го освојат целиот свет. Тие се замислуваат како суперхерои. Веруваат дека по секоја критична ситуација се раѓа еден херој чии супермоќи ќе бидат откриени во случај на катастрофа. Фанатазирате дека сте херои и верувате дека ако дојде до некаква катастрофална несреќа, ќе откриете дека поседувате супермоќи и ќе го спасите светот.

Во продолжение дознајте кои се 3-те најзлобни знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар