Погледнете како да ги отстраните стриите по природен пат

Жените ги добиваат стриите во кој било период од нивниот живот, од пубертет па сè до старост и за жал никој не е поштеден од овие бели линии на телото. Главен фактор за создавањето на стриите е одеднаш променетата телесна тежина, нејзиното често варирање, како и наглиот и брз раст во пубертетот. Поедноставно кажано, никој не е имун на нив.

poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-kafepauza.mk

Брзото ширење на кожата во текот на дебелеењето е проследено со споменатите промени на кожата, кои се јавуваат во вид на пукнатини во различни бои. Нивната боја варира од виолетова па сѐ до нешто посветла нијанса од онаа на самата кожа. Токму дебелината во пределот на стомакот, бутовите и задникот е главен предуслов за настанување на тие ситни пукнатини по кожата, односно стрии.

Иако овој проблем ги мачи сите жени со децении, денес постојат многу природни третмани кои можете да ги направите дома со чија помош ќе ги отстраните стриите за неколку месеци. Можеби ефектот не е моментален, но мора да бидете упорни за да ги отстраните белезите од кожата кои најмногу се гледаат во лето, кога треба да облечете костим за капење или кратка облека.

1. Кокосово масло

Кокосовото масло навистина може да направи чудо за кожата, а многу е ефикасно и кога станува збор за отстранување на стриите. Тоа ја зголемува еластичноста на кожата, ја поттикнува нејзината регенерација и ја штити од воспаленија, вируси и бактерии. Втријте го маслото на местото каде што се појавиле стриите и повторувајте ја оваа постапка 3 пати неделно. Значајна разлика ќе забележите за недела дена.

4-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-kafepauza.mk

2. Алое вера

Алое верата содржи голема количина на билен колаген кој помага во обновувањето на кожата. Најефикасен е чистиот гел од алое вера. Него намачкајте го на кожата и оставете го 2 часа за да се впие, за третманот да биде успешен, а потоа исплакнете со вода. Често почестувајте се со овој третман, бидејќи ја одржува природната влажност на вашата кожа.

3. Сок од лимон и портокал

Лимоновиот сок е еден од најефикасните начини за отстранување на стриите и нивната видливост, што е резултат на неговите избелувачки својства. Втријте го сокот од исцеден лимон или портокал со кружни движења на местата каде што се видливи стриите. Не облекувајте облека, туку почекајте околу 15 минути додека кожата не го впие сокот, а после тоа измијте ја кожата со млака вода. Постапката повторувајте ја секој ден за подобри резултати.

2-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-www.kafepauza.mk_

4. Рицинусово масло

Кога рицинусовото масло се користи за масажа, тоа помага стриите да бидат што е помалку видливи. Рицинусовото масло ја хидрира кожата, ѝ ја враќа еластичноста, а помага и за отстранување на брчките. Во некои делови на Индија, масажата со рицинусово масло им се препорачува на трудниците и на родилките за отстранување на стриите, во комбинација со топли купки – па, може да пробате и самите.

5. Масажа со природни масла

Со масажата ѝ помагате на кожата да се ослободи од токсините, да се регенерира, а секако е препорачлива и за отстранување на стриите. За најдобри резултати масирајте се со бадемово масло. Многу е богато со витамин Е, но исто така ѝ помага на кожата во создавање на колaген и еластин.

3-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар