Ова се најдобрите намирници кои можат да го намалат целулитот!

Ова се најдобрите намирници кои можат да го намалат целулитот!

Секој има маснотии или „масно ткиво“, кое сочинува приближно 10-25% од вкупната телесна тежина. Вкупната количина на масно ткиво во телото варира во зависност од полот, возраста, генетиката и други фактори.

Ова се најдобрите намирници кои можат да го намалат целулитот!

Целулитот, од друга страна, е нормален физиолошки одговор на складирање маснотии, а денешниот пазар е преполн со додатоци во исхраната, лосиони и други кожни апликации кои тврдат дека го намалуваат целулитот, но постојат минимални докази за нивната ефикасност.

Наместо тоа, фокусот на здравата храна, хидратацијата и соодветната физичка активност обезбедува поголема контрола на целулитот.

Иако со ниту една храна не може да се елиминира целулитот, одредени намирници можат да помогнат да се подобри изгледот на кожата и да се намали целулитот.

Бобинки

Боровинките, малините, брусницата и другите бобинки се богати со антиоксиданси и растителни влакна. Според одредени истражувања, постои убедлива врска помеѓу консумирањето овошје и зеленчук и намалениот ризик од хронични болести како што е високиот крвен притисок.

Зелен лиснат зеленчук

Истражување од 2014 година открило дека редовните консументи на зелен лиснат зеленчук, како што е кељот, имаат пониски висцерални маснотии од оние што не консумираат. Покрај тоа, зеленчукот како спанаќот, кељот и блитвата се богати со хранливи материи како што се витамините А, Ц и К и минерали како калиум и магнезиум, а овие хранливи материи можат да помогнат во зајакнувањето на кожата и да ја стимулираат циркулацијата.

Авокадо

Иако авокадото е покалорично од повеќето други производи, може да помогне во губење на тежината. Жените кои редовно консумирале овошје и зеленчук, вклучително и авокадо, изгубиле повеќе килограми во период од четири години отколку оние кои не консумирале. Авокадото е извор на здрави масти кои можат да помогнат во хидратацијата на кожата и е богато со витамин Е, кој е важен за здравјето на кожата.

Печурки

Печурките се нискокалорична храна која може да биде корисна за намалување на целулитот бидејќи придонесува за одржување на здрава телесна тежина. Тие се богати со влакна кои можат да помогнат во подобрување на варењето и отстранување на токсините од телото.

Откако прочитавте кои се најдобрите намирници за справување со целулитот, можеби ќе сакате да прочитате и за најефикасната јога поза за уништување на целулитот.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар