Одличен е, но не за сè: 4 предмети што никогаш не треба да ги чистите со оцет

Одличен е, но не за сè: 4 предмети што никогаш не треба да ги чистите со оцет

Оцетот е еден од омилените домашни состојки, но со некои материјали тој не смее да дојде во допир. Речиси не постои домаќинство во кое не се користи оцет. Оцетот првенствено се користи како додаток во салатите, но често се користи и за чистење – отстранува бигор, ‘рѓа, ги отстранува миризбите итн. Сепак, со некои површини или материјали, оцетот не смее да дојде во допир. Погледнете за кои површини станува збор.

Одличен е, но не за сè: 4 предмети што никогаш не треба да ги чистите со оцет

Гранитни и мермерни површини

Проблем со оцетот: многу е агресивен и може да ги „нападне“ чувствителните површини. Тука спаѓаат гранитот и мермерот и затоа немојте да ги чистите со оцет. Наместо тоа, користете посебно средство за чистење соодветно за овие материјали.

Уреди со екран на допир

Уредите што имаат екран на допир никогаш не треба да се чистат со оцет. Имено, може да го оштетите горниот слој на уредот и тоа да влијае на функцијата на екранот. Затоа, користете специјални средства за чистење на екран на допир кои нежно ќе ги избришете со крпа од микрофибер.

Измет од домашни миленици

Ако вашето домашно милениче „утнало“, никогаш не бришете го местото каде што е изметот со оцет. Иако оцетот ги уништува непријатните мириси, тоа може да му наштети на чувството за мирис на вашето домашно милениче. На пример, мачките и кучињата имаат многу поизразено чувство за мирис од луѓето. Затоа, интензивниот мирис на оцет може да ги натера повторно да го „обележат“ местото каде што извршиле нужда.

Лакиран мебел

На пример, дрвениот мебел има заштитен слој што го штити дрвото од влага. Тој заштитен слој можете да го оштетите ако го бришете со оцет затоа што киселината од оцетот ја напаѓа таа површина и може да го избледи дрвото или да предизвика негово распукување.

Можеби е време за пролетно чистење на домот, но со овие совети, тоа ќе биде многу лесна задача!

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар