30 едноставни начини да се ставите на прво место

30 едноставни начини да се ставите на прво место

Навистина е лесно да се зафатите со лудилото од секојдневниот живот и да ги занемарите вашите потреби. Кога го правите ова не само што страдате, туку и не сте најдобрата личност за вашите сакани. За да бидете подобра личност, потребно е вие да се ставите на прво место, а овие совети ќе ви помогнат во тоа.

30 едноставни начини да се ставите на прво место

1. Одвојте време да погледнете во себе. Можеби си кажувате дека немате време да медитирате, да водите дневник или да правите што било што ќе ви помогне да ги рефлектирате вашите мисли. Престанете да барате изговори и одвојте време за вашето ментално здравје.

2. Слушајте го вашето тело. Веројатно не го правите тоа. Само кога навистина ќе забележите како се чувствувате ќе можете да се грижите за себе.

3. Не правете работи што не сакате да ги правите. Иако звучи екстремно, токму тоа е целта. Штом ќе си дозволите да ги одбиете нештата што не ви се допаѓаат, ќе ја научите разликата помеѓу она што е неудобно и она што не е за вас.

4. Престанете да им велите да на сите. Ова ќе го промени вашиот живот. Кога ќе преземете контрола над вашите одлуки и ќе престанете да им дозволувате на другите да ве водат, ќе ја вратите вашата моќ и ќе бидете посреќни.

5. Дишете. Само дишете. Кога сте под стрес или кога сте исплашени, застанете и свесно забавете го дишењето. Ова ќе го намали чукањето на вашето срце и ќе го смири вашиот мозок. Потребни ви се само неколку минути.

6. Грижете се за вашето тело. Речиси сите ние не обрнуваме внимание на нештата што ги внесуваме, без разлика дали тоа е храна, вода, дрога или алкохол. Постои директна поврзаност помеѓу вашето расположение и нештата што ги консумирате.

7. Грижете се за вашиот ум. Забележете ги вашите мисли и во која насока ве носат. Дали тоа е позитивно или негативно? Ако е негативно, можете ли да промените нешто? Ова ќе направи голема промена во вашето расположение.

8. Верувајте му на вашиот инстинкт, тој постои со причина. Ако имате чувство дека нешто не е за вас, послушајте го. Ако ги игнорирате вашите инстинкти, вие не сте си приоритет.

9. Ако ви е потребен одмор, одморете. Навистина е тешко да одолеете на искушението да се форсирате. Сите сакаме да бидеме суперхерои, а општеството ни кажува дека така и треба да се однесуваме. За жал, вистината е далеку од ова. Понекогаш е потребно да си дозволите време за одмор.

10. Ако ви е потребна физичка активност, одвојте време за тоа. Немојте да наоѓате изговори. Никој не мисли дека физичкото здравје е најважно. Ако се чувствувате виновно, потсетете се дека не сте во најдобра форма и не можете да го дадете најдоброто од себе.

11. Не ставајте ги туѓите потреби пред вашите. Не е лошо понекогаш да бидете себични. Можеби звучи лошо, но немојте да се плашите да ги задоволите вашите потреби. Вашата среќа е поважна од сè.

12. Имајте на ум дека сте доволно добри. Наместо да се обидете да станете и да постигнете повеќе, бидете задоволни со она што сте. Ценете ја вашата индивидуалност.

13. Вклучете се, без разлика што тоа значи за вас. Направете го она што ве прави среќни. Не мора да станува збор за нешто големо или скапо, но важно е да ве прави среќни.

14. Во ред е да побарате помош. Одвреме-навреме на секого му е потребна помош. Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку луѓе ќе сакаат да ви помогнат. Исто така обидете се да им помогнете на оние на кои им е потребно тоа.

15. Размислете пред да дадете одговор. Со ова можете да избегнете многу проблеми и конфликти. Пред да се согласите за нешто или да понудите помош, размислете дали сте подготвени за тоа.

16. Размислете за она што го правите. Размислете пред да донесете одлука и да направите нешто. На овој начин ќе научите повеќе за себе и за вашите потреби. Не можете да си бидете приоритет ако не се разбирате.

17. Отворете се и бидете добри. Со тоа што им се отворате на другите и ширите добрина, вие се ставате на прво место. Правите избор да го споделите вашиот неверојатен карактер со другите, а тоа е навистина здраво.

18. Не им дозволувајте на другите да „влегуваат“ во вашата глава. Ако не се залагате за себе, им дозволувате на другите да прават да се чувствувате лошо за себе и за вашите избори. Вашето ментално здравје е важно и никој не смее да го наруши.

19. Не се сите туѓи реакции за вас. Морате да сфатите дека не можете да ги контролирате туѓите реакции. Кога ќе се ослободите од оваа одговорност, ќе бидете личноста којашто сте, без страв и анксиозност.

20. Трошете ги вашите пари како што сакате. Не им дозволувајте на другите да ви кажуваат што да правите со вашата заработка. Ако сакате да штедите, правете го тоа. Ако сакате да ги истрошите, направете го тоа.

21. Бидете искрени за вашите ограничувања. Во ред е да имате граници. Всушност, тие се здрави. Не претерувајте со работа обидувајќи се да ги усреќите другите.

22. Побарајте го она што ви е потребно. Ќе се изненадите кога ќе сфатите што можете да постигнете ако сте искрени, директни и отворени.

23. Верувајте во себе. Ова е многу полесно да се каже отколку да се направи. Почнете да се движите кон местото на коешто сакате да стигнете. Секој чекор, дури и најмалиот во вистинската насока ви е од помош.

24. Ослободете се од негативните луѓе. Може да биде тешко да прекинете контакт со некој, но тоа е за ваше добро. Не ви е потребна лошата енергија на другите.

25. Зборувајте позитивно за себе. Променете ја шемата и кажувајте само добри работи за себе.

26. Танцувајте како никој да не ве гледа. Дајте си дозвола да бидете она што сте и престанете да се грижите за мислењето на другите. Бидете слободни и живи.

27. Направете сè што сте сакале. Наместо да си кажувате дека не можете да направите нешто или да ги слушате другите кои ви го кажуваат тоа, само обидете се. Не размислувајте, направете го тоа. Способни сте за многу повеќе отколку што мислите.

28. Бидете сами. Излезете од удобната зона ако постојано правите работи со други луѓе. Кога одите на соло авантури имате слобода да правите што сакате.

29. Не им дозволувајте на другите да ви ги наметнуваат нивните проблеми. Останете позитивни и фокусирајте се на она што ви е важно.

30. Ширете љубов насекаде. Можеби ви звучи смешно, но кога последен пат сте „подариле“ љубов само затоа што сте сакале? Кога вие сте си приоритет ќе заблескате, па раширете ја таа радост.

Погледнете и како да ја развиете љубовта кон самите себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар