100 кратки совети за убавина кои го издржале тестот на времето - Part 3

100 кратки совети за убавина кои го издржале тестот на времето

Кожа

(11)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • Користете основа за шминкање наместо пудра за да ги скриете несовршеностите на кожата.
  • Немојте да ја допирате кожата на лицето.
  • Внимавајте на состојбата на вашите четки за шминка. Не дозволувајте да се извалкаат – редовно мијте ги со шампон. Исто така сушете ги брзо.
  • Можете да направите торбичка за чување на четките за шминкање:

(12)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • За брзо и ефективно миење на четките за шминкање, измешајте маслиново масло и сјај за садови, во размер 1:1. Потоа исплакнете ги четките со вода.
  • Отстранете ја целата шминка од четките пред да почнете со шминкање. Ова ќе ви помогне да ја нанесете шминката рамномерно.
  • За да ги скриете темните кругови под очите, пудрата ставете ја во форма на триаголник.

(13)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • Никогаш немојте да ги чепкате мозолчињата. Ова може само да ви го оштети ткивото, да предизвика инфекција или пак да ви остави лузна.
  • Нанесувајте го руменилото на образите движејќи се во насока на линијата на косата.
  • Бојата на кожата на вашата рака е различна од онаа на лицето, па затоа најдобро е пудрата да ја тестирате на вратот.
  • Кога користите светли и светкави бои, нанесувајте ги само на еден дел од лицето. На пример, ако сакате да ги истакнете усните, нанесете светла боја само на нив.

(14)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • За да го намалите отокот околу очите, секое утро мијте го лицето со ладна вода. Или пак, поминете ја кожата околу очите со коцка мраз.
  • Не заборавајте да ја навлажните кожата во текот на денот, особено во жешките денови. Секогаш имајте крема или спреј за лице.
  • За да се ослободите од „торбите“ под вашите очи, чувајте ја кремата за лице во фрижидер.
  • Ако ви се воспали кожата, ставете коцка мраз врз црвенилото.

(15)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • Ако сте претерале со парфемот, избришете ги вратот и зглобовите со памукче натопено во алкохол.
  • Здравата кожа почнува со здрава исхрана. Јадете повеќе овошје и зеленчук и намалете го внесувањето на мрсни и слатки продукти.
  • Стоплете го лосионот за тело и ќе ја смирите вашата кожа, особено во текот на зимата.
  • За идеалната бања, ставајте ја купката веднаш под чешмата, па пуштете вода.
  • Сауната е секогаш добар избор. Топлиот воздух помага во отстранувањето на токсините од телото.
  • За да ја направите депилацијата помалку болна, растегнете ја кожата пред да го нанесете восокот. Користете масло за отстранување на вишокот восок.
  • Немојте да го користете депилаторот веднаш по туширањето. Дајте им време на влакната да омекнат.
  • Најприродниот пилинг за тело е кафето. Тоа исто така ќе направи да мирисате прекрасно.

(17)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

    • Најдобриот период за нанесување лосион е веднаш по туширањето, кога вашата кожа е сè уште влажна.
    • Она што е добро за вашето лице, добро е и за вашите раце. Користете ја кремата за лице за да се ослободите од дамките на рацете.
    • Користете пилинг за тело еднаш неделно.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар