100 кратки совети за убавина кои го издржале тестот на времето
Усни
За бојата на каминот да трае подолго, прво нанесете го него, а потоа додајте пудра во прав на усните преку хартиено марамче.
За да го олесните преминот од дневен во вечерен изглед, едноставно нанесете потемен кармин.
Ако нанесете сенка за очи со слична боја врз карминот, тој ќе трае подолго.
Масирајте ги усните одвреме-навреме за да ја подобрите циркулацијата на крвта.
Користете светло моливче за усни за да додадете волумен.
За да не ви се скрши моливчето додека го острите, чувајте го во фрижидер.
Насмејте се кога го нанесувате карминот – на овој начин ќе знаете дали сте го покриле секој дел од устата.
За да го спречите разлевањето на карминот, нанесете пудра околу контурите на устата.
Секојдневно навлажнувајте ги усните.
Нокти
Најдобро е со лакирање да почнете од најмалиот прст. На овој начин го нема ризикот од допирање на лакираните нокти.
За брзо отстранување на лакот, нанесете ацетон на памукче и држете го 5-10 секунди на нокотот пред да го отстраните.
Лепенките за нокти се секогаш одлични.
За побрзо сушење на лакот, ставете ги рацете во студена вода веднаш после лакирањето.
Направете си сопствена боја на лак за нокти мешајќи сенка за очи со некој лак.
За брзо отстранување на лакот со светки, нанесете ацетон на памукче, притиснете го на нокотот и замотајте го прстот во алуминиумска фолија. За неколку минути лакот ќе биде отстранет.
Пред да го нанесете лакот, ставете малку маслиново масло на кутикулите. На овој начин полесно ќе го отстраните лакот кој завршил на прстите.
Средувајте ги ноктите еднаш неделно.
Ако немате време за нов маникир, додајте малку светки и безбоен лак.
Нозе
За да ги одморете нозете после долг ден, ставете ги во топла вода 3 минути, па 1 минута во ладна. Правете го ова 15 минути.
Старата крема за лице може да биде одлична за кожата на вашите нозе.
Користете ананас или лушпа од киви за да ги омекнете петите.
За да ги избегнете габичните инфекции на ноктите, чистете ги што е можно почесто. Не заборавајте да ја отстраните мртвата кожа, и сменете ги чорапите после вежбање или спортување.
Масажата на стапалата е одлична за замор и стрес. Користете ги двете раце за да ги масирате стапалата, почнувајќи од зглобовите кон прстите.
Насмевнете се!
Ова е најважниот, најбрзиот и најефективниот трик кој ќе направи да изгледате одлично. Само насмевнете се и вашиот изглед веднаш ќе се трансформира.