Неделен хороскоп од 4 до 10 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 4 до 10 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!

Неделен хороскоп од 4 до 10 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Со вашиот шарм и смисла за хумор ќе успеете да ја надминете дистанцата во личните односи. Вашата сакана личност сè повеќе ќе ве поддржува, а тоа ќе ви причина да се радувате уште повеќе.

Кариера: Ќе вложите малку повеќе труд на работното место каде што треба да се покаже креативност или каде што има публика. Тоа ќе ве мотивира дополнително и за да размислите како би можеле да ја унапредите вашата кариера.

Бик

Љубов: Ви претстојат денови полни со забави и дружења. Многумина ќе го подобрат својот социјален живот, ќе запознаат интересни луѓе, а ќе има и такви кои ќе бидат на работ да се заљубат. Колку повеќе мислите на другата страна, толку повеќе и таа ќе мисли на вас.

Кариера: Ќе бидете особено трпеливи со новите колеги на работа. Ќе им покажете како најдобро можат да се прилагодат на работата и постојано ќе им давате добри совети.

Близнаци

Љубов: Бидете нежни со саканата личност и не ги сфаќајте сериозно околностите кои не секогаш се одвиваат онака како што посакувате. Затоа, обидете се да се прилагодите. Оние кои ќе се справат подобро и ќе прифатат некои компромиси, ќе чувствуваат поголема меѓусебна доверба.

Кариера: Ви претстои многу работа, а заедно со тоа и многу вложен труд. Деновиве ќе почувствувате дека понекогаш ви недостасува енергија за сè што треба да направите. Затоа е важно уште подобро да се организирате за да бидете поефикасни.

Рак

Љубов: Дискрецијата и интимноста ќе бидат вашите главни карактеристики и критериуми по кои ќе се водите во личниот живот деновиве. Сепак, не занемарувајте ги и пријателите и нивните покани за дружење.

Кариера: Нема да чекате можностите да стапнат на вашата врата туку самите ќе се обидете да дадете сè од себе за да ги добиете. Ќе бидете свесни дека сè е можно само доколку се вложи доволно напор.

Лав

Љубов: Ви претстојат денови со занимливи љубовни искуства. Оние кои сè уште не се во врска нека продолжат да стекнуваат нови познанства, но критериумите нека им бидат реални. Оние кои се во врска ќе бидат совршено задоволни ако ја прифатат својот партнер таков каков што е.

Кариера: Сакате креативна или уметничка работа, но деновиве пред сè ги цените работните места кои се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со вашите колеги.

Девица

Љубов: Одвреме-навреме ќе бидете во искушение да се расправате, да се жалите или да ја критикувате другата страна. Но, имајте на ум дека работите можат да се подобрат со повеќе хумор и самоконтрола.

Кариера: Уметниците, спортистите, како и оние кои работат со млади ќе добијат одлична можност за напредок. Постојат безброј можности, но мора да бидете реални и приземјени бидејќи славата е минлива.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар