Неделен финансиски хороскоп од 15 до 21 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен финансиски хороскоп од 15 до 21 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Според астролозите, оваа недела нè очекуваат многу поволни глобални промени. Обидете се да ја насочите моќта на планетите и ѕвездите во вистинската насока. Ако се стремите кон успех, тогаш е време да вложите малку труд.

Неделен финансиски хороскоп од 15 до 21 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Најдобрата вест во текот на оваа недела е крајот на ретроградната фаза на Меркур. Затоа, обидете се да го завршите она што сте го започнале, а помалку работи одложувајте за подоцна и не заборавајте на моќта на позитивното размислување. Тоа ќе ви помогне да достигнете нови финансиски успеси.

Овен

Нема да се плашите од зголемените работни обврски, а трудот и вложувањето енергија нема да останат незабележани од претпоставените, клиентите и колегите. Оваа недела ве очекува и прилив на пари, но мора да бидете внимателни за да не станете жртва на финансиска измама.

Бик

Оваа недела ќе можете сами да ги решите сите деловни и финансиски проблеми, благодарение на влијанието на Венера и Јупитер, кои ќе пружат максимална помош во текот на целата недела. Вашата напорна работа ќе биде забележана и сигурно ќе се исплати – ако не сега, тогаш сигурно во блиска иднина. Освен тоа, Јупитер ќе ви помогне да се ослободите од негативните мисли во вашиот ум кои ве спречуваат да станете подобри во она што го работите.

Близнаци

Благодарение на Меркур, ќе имате многу нови можности за зголемување на приходите. Овие денови треба што почесто да контактирате со успешни луѓе: постои шанса од нив да добиете интересна и профитабилна понуда, животно искуство и добри финансиски совети. Покрај тоа, во овој период можни се драматични промени во поглед на деловниот живот.

Рак

Оваа недела не треба да слушате туѓи совети. Во овој период можете да бидете многу среќни, но само ако се покажете во добро светло. Многу е веројатно дека вашите напори ќе бидат забележани, па затоа не треба да седите и да чекате. Време е да посакувате, сонувате и потоа да дејствувате. Меѓу другото, позитивното влијание на планетите ќе ви даде сила и полесно ќе можете да започнете нов бизнис.

Лав

Вашата работа ќе биде ценета. Ве очекува голема парична награда, но за тоа треба да имате искрен разговор со претпоставените. Освен тоа, за да можете да се движите во вистинската насока ќе мора да се ослободите од минатото. Неопходно е да ги заборавите проблемите, неволјите и негативните спомени што е можно поскоро. Наскоро вашиот финансиски живот ќе се промени на подобро.

Девица

Најмногу среќа ќе имаат оние од вас кои се занимаваат со интелектуална работа. Претстојната недела ќе помине без проблеми. Ќе можете да ги зголемите приходите и да напредувате на скалилата во кариерата. Ова значително ќе го зголеми вашиот авторитет. Имајте на ум дека финансискиот успех ќе зависи само од вас.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар