Кои ќе бидат најсреќните денови во март?

Кои ќе бидат најсреќните денови во март?

Според распоредот на планетите, некои денови во март ќе бидат навистина посебни и среќни. Најповолниот период од целата година ќе биде токму овој месец поради отсуството на ретроградното движење. Сепак, во март нема сè да биде толку совршено бидејќи ќе има денови полни со предизвик. Во продолжение прочитајте кои денови ќе бидат најповолни.

Кои ќе бидат најсреќните денови во март?

3 март – денот на владеењето на бројот 3 кој ги чува вашите принципи. Доколку во минатото направивте погрешен чекор во минатото, на овој ден ќе можете да го решите проблемот и да се соочите со последиците. Овој ден ќе биде одличен момент и да направите обид за напредок на сите полиња, вклучувајќи го духовниот и емотивниот развој. Ако на овој датум направите добри дела исполнети со позитивна енергија, цел месец ќе ве следи среќа.

20 март – пролетна рамноденица. Станува збор за многу поволен ден во однос на енергијата и законот за привлекување. Од античко време, пролетната рамноденица се смета за момент на будење на природата, но и будење на нашата свест. Ова ќе биде одличен ден за чистење на домот и средба со пријателите и семејството. На 20 март, Месечината ќе биде во знакот Вага кој сам по себе симболизира еднаквост, хармонија и ред. Според астролозите, овој ден ќе биде најпозитивниот во март оваа година.

27 март – Меркур ќе влезе во знакот Овен. Планетата ќе остане во знакот Риби сè до 26 март што најверојатно и нема да се одрази поволно. За среќа, на 27 март ќе премине во Овен при што денот ќе биде попродуктивен. Ќе имате можност да преземете нови инцијативи како и да се справите со приоритетите. Меѓу другото, ова ќе биде одличен ден за шопинг и финансиски активности. На овој ден ќе ви се пружи шанса да успеете во она што претходно не било можно.

Во текот на овие денови обратете внимание на интуицијата и размислете што е тоа што ви носи среќа. На располагање ви се три големи шанси да постигнете успех на љубовен и професионален план, но и да го подобрите вашето здравје. Не ја пропуштајте наклонетоста на ѕвездите и планетите.

Откако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови во март, можеби ќе сакате да го прочитате и големиот хороскоп за пролетта 2022 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар