14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за запознавање и љубовни состаноци

14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за запознавање и љубовни состаноци

Доколку барате романса но сте немале многу среќа, можеби ќе сакате да го пробате модерниот метод – онлајн запознавањето. Овој начин на запознавање станува сè попопуларен бидејќи нуди навистина многу опции. Но пред да пробате нешто вакво, потребно е да ги земете предвид следниве 14 совети со цел да останете безбедни.

1. Поставете си цели и граници

14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанување

Добро е да знаете што барате пред да влезете во светот на онлајн запознавањето и состанувањето. Дали барате само разговор, или и нешто посериозно? Дали можеби сакате долга врска? Исто така треба да ги знаете вашите граници. Доколку сакате да разговарате, но не сакате да праќате фотографии, тогаш немојте да го правите тоа. Најдобро е да му верувате на вашиот инстинкт.

2. Најдете веб-сајт со добра репутација

14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанување

Штом ќе знаете што сакате, имате опција помеѓу многу веб-сајтови. Постојат неколку добро познати веб-сајтови кои ги преземаат потребните безбедносни мерки. Откријте го сајтот што е најдобар за вас и што прави да се чувствувате најудобно.

3. Не откривајте многу за себе на вашиот профил

14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанување

Иако профилот би требало да биде искрена рефлексија на вас, немојте да вклучувате премногу лични информации. На пример, никогаш немојте да ја објавите личната имејл адреса или адресата на живеење. Можете да кажете што работите, но најдобро е да ја изоставите компанијата или клиентите. Ако сте родител, немојте да објавувате фотографии или имиња од вашите деца.

4. Не откривајте премногу за себе во разговор

14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанување

Како за профилот, истото важи и за разговорот со нови луѓе. На пример кажете го вашето име, но не и презимето. Кажете од кој град сте, но не зборувајте за вашата адреса. Можете да направите и листа со деталите коишто е најдобро да не ги кажувате.

5. Бидете паметни и користете го здравиот разум

14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанување

Сигурно веќе сте слушнале дека ако нешто звучи премногу добро за да биде вистинито, најверојатно не е. Постои голема веројатност веб-сајтот да ве поврзи со личност со која ќе имате многу сличности. Но секогаш бидете паметни и користите го вашиот разум. Ако личноста почне да ви бара премногу лични податоци, најдобро е да престанете да комуницирате со неа.

6. Внимавајте на профили и луѓе со трогателни приказни

14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанување

Нема ништо лошо да покажете сочувство кон личност која поминала низ многу. Но, за жал постојат многу луѓе кои користат лажни трогателни приказни за да привлечат внимание, па можеби и награда од странци. Пред да почнете да роните солзи за нечиј тежок живот, размислете да не можеби станува збор за емоционална стапица.

7. Проверувајте

14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанување

Штом ќе се поврзете со некого и ќе споделите одредени детали, пребарајте ја личноста онлајн. Верувајте, сите го прават ова. Обидете се да пронајдете што споделува оваа личност. Иако можеби онлајн профилот нема да ви каже многу, сепак ќе знаете за што станува збор.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар