Заборавете на дебелењето: Намирници кои секогаш можете да ги јадете пред спиење

Постојано добиваме совети за храната која никако не смееме да ја јадеме пред да заминеме на спиење, но дали знаете кои намирници е всушност добро да ги конзумирате пред да потонете во сон? Ова е листа од 7 намирници кои можете да ги јадете во која било доба од денот, а особено пред спиење.

1-zaboravete-na-debelenjeto-namirnici-koi-sekogash-mozhete-da-gi-jadete-pred-spienje-www.kafepauza.mk_

1. Цреши

Ова овошје е едно од ретките намирници кои содржат мелатонин, хормон кој го регулира нашиот биолошки часовник. Во текот на ноќта нè тера на спиење, а недостатокот на мелатонин во текот на денот доведува до состојба на „будност“. Поради ова, пред спиење слободно препуштете се на уживањето во црешите.

2. Мисиркино месо

Ја содржи аминокиселината триптофан, која е заслужна за честото заспивање пред телевизорот. Триптофанот генерално го поттикнува спиењето, па токму поради тоа мисиркиното месо е одличен избор за пред спиење. Уживајте во мисиркини прсти со зеленчук или во сендвич со мисиркино месо и печиво со житарици.

3. Јасмин ориз

Деликатесниот ориз со благ јаткаст вкус од тропските области се наоѓа високо на гликемичниот индекс, што значи дека бавно се вари и поради тоа гликозата полека се ослободува во крвотокот. Според едно истражување, консумирањето на јасмин ориз пред спиење го преполовило времето кое им било потребно на испитаниците да заспијат.

4. Житарици со сложени јаглехидрати

Храната полна со едноставни јаглехидрати (разни бисквити и колачи) не е добар избор за пред спиење, но затоа пак житариците со сложени јаглехидрати се вистински погодок. Киноата, јачменот и хељдата се само некои од житариците кои можете да ги консумирате, а одличен избор се и снегулките со сложени јаглехидрати. Слободно комбинирајте ги со млеко кое (исто како мисиркиното месо) содржи триптофан и го подобрува спиењето.

2-zaboravete-na-debelenjeto-namirnici-koi-sekogash-mozhete-da-gi-jadete-pred-spienje-www.kafepauza.mk_

5. Банани

Во себе содржат магнезиум и калиум кој ги опушта мускулите, како и добри јаглехидрати кои ќе ви помогнат да заспиете.

6. Сладок компир

Овој одличен плод содржи сложени јаглехидрати кои го поттикнуваат сонот, калиум кој ги релаксира мускулите, нискокалоричен е и не содржи масти поради што е одличен оброк за пред спиење.

7. Чај од валеријана

Не е никаква тајна дека чајот од коренот на валеријаната ги смирува телото и умот, па поради тоа се препорачува да се консумира пред спиење. Одлично делува на желудникот и го смирува, ги опушта мускулите и помага при главоболки.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар