Трикови за нанесување кармин кои секоја жена треба да ги знае

Се чини дека секојдневно дознаваме нови техники за шминкање од професионалните шминкери, но и трикови за правилно нанесување на шминката. Денес ви откриваме трикови за нанесување кармин кои, според наше мислење, секоја жена треба да ги знае.

1-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

1. Направете пилинг на вашите усни пред да нанесете кармин, за тие да изгледаат полни и меки. Пилингот може да го направите со чиста четка од маскара. Нанесете малку балсам за усни пред пилингот за да не ги оштетите.

2-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

2. Ако сакате да ги спречите трагите од карминот на вашите заби, тоа ќе го постигнете така што со вашиот показалец ќе го отстраните вишокот кармин од внатрешната страна на усните.

3-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

3. Од скршената сенка за очи направете сјај за усни. Тоа можете да го постигнете така што скршените делови од сенката за очи ќе ги омекнете со некој балсам и ќе добиете потполно бесплатен обоен сјај за усни.

4-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

4. Користете четка за течна пудра или коректор за што попрецизно да го нанесете вашиот кармин.

5-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

5. Доколку сакате вашиот кармин што подолго да се задржи на вашите усни, тоа ќе може да го постигнете така што ќе искористите тенок слој марамче како подлога за да нанесете течна пудра на усните, а притоа да ги спречите видливите траги од пудрата.

6-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

6. Доколку сте нанеле една нијанса на молив за усни, па потоа сте се одлучиле за потполно различна, најпрво ќе сакате да се ослободите од трагите на претходната. Трагите од моливот за усни прекријте ги со течна пудра, која пак ќе ја нанесете се чепкалка за уши. Штом ќе ги прекриете трагите од претходната, веќе сте спремни за нанесување на новата нијанса.

7-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

7. Ако имате проблем со прецизното одредување на купидоновиот лак на вашите усни, најдобро е најпрво да го нацртате со молив за усни, па потоа да ги пополните цели, за крај да го нанесете карминот во истата нијанса.

8-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

8. Доколку сакате вашиот кармин да не се размачкува, после нанесувањето на карминот, под линијата на усните нанесете тенок слој течна пудра која ќе ја фиксира вашата шминка.

9-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

9. Доколку сакате вашите усни да изгледаат полни, тој ефект може да го постигнете со нанесување на бел молив на средината на горната и долната усна во подебел слој. Потоа со прст размачкајте го за рамномерно да се распредели на вашите усни.

10-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

10. Ублажете ја силината на моливот за усни така што откако ќе го нанесете ќе го размачкате со прст. На овој начин моливот и карминот ќе изгледаат поприродни.

11-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар