Совети за убавина: Неверојатни начини на кои можете да ги искористите коцките мраз

Совети за убавина: Неверојатни начини на кои можете да ги искористите коцките мраз

Го мразиме студенилото, но затоа ги сакаме освежувачките, студени пијалаци. Но, дали знаевте дека мразот може да користи и во служба на убавината? Можеби веќе дознавте за трикот на Мерлин Монро, но сепак коцките мраз имаат уште многу други примени. Па затоа, ставете неколку коцки мраз во вашиот омилен пијалак, но обидете се да сочувате неколку и за вашето разубавување.

Совети за убавина: Неверојатни начини на кои можете да ги искористите коцките мраз

Сè што треба да знаете за „студените“ терапии:

Секогаш применувајте ги на чиста кожа! Секогаш носите заштитни ракавици, особено ако планирате да ја примените „студената“ терапија на лицето. Немојте да го ставите мразот директно на кожата, туку замотајте го во мека крпа или пластично ќесе. Коцките мраз можете да ги користите директно кога ќе ги ставите на акните или отокот. Немојте да го држите мразот на лицето подолго од еден час. За подобар ефект, направете коцки мраз од краставица, зелен чај или лук.

1. Помека кожа

Секоја вечер пред спиење, измијте се, а потоа со ќесе наполнето со мраз благо масирајте го лицето и вратот околу 3 минути. За неколку дена ќе забележите разлика – вашата кожа ќе биде посвежа, помека и помазна. Ова е одличен трик и за намалување на видливоста на брчките, но и за постигнување на подобар и поквалитетен сон.

2. Решете ги акните

После миењето, коцките мраз завиткајте ги во чиста, мека крпа или салвета и ставете ги на акните од 3 до 5 минути. Резултатот ќе ве изненади!

3. Намалување на видливоста на брчките

Секој ден пред нанесување на шминката масирајте го лицето со мраз околу една минута. Ова ќе ја поттикне циркулацијата на крвта и ќе го намали прераното стареење на кожата и создавањето брчки.

3-nekolku-korisni-trikovi-neverojatni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-kockite-mraz-za-koi-dosega-ne-znaevte-www.kafepauza.mk_

4. Затворете ги порите

Проширените пори ќе исчезнат за неколку дена доколку секој ден со коцки мраз нежно ќе го масирате лицето. Оваа постапка нека трае од две до три минути.

5. Нека надуените капаци станат минато

На сите ни се случува да се разбудиме со очи надувани како „балони“! Коцките мраз ставете го во марамче или мека крпа и две минути благо, со кружни движења масирајте ја критичната област.

6. Решете се од масните наслаги на стомакот

Здрава исхрана, вежбање и овој трик – ставете ќесе полно со мраз на стомакот и држете го 15 минути. Направете пауза од 3 минути и повторете ја постапката, но така што оваа терапија да не трае подолго од еден час. На овој начин белите масни ќелии ќе се трансформираат во кафеави кои потоа полесно ќе ги согорите. Сепак, запомнете го почетокот на реченицата – овој трик е успешен само во комбинација со балансирана исхрана и редовно вежбање.

4-nekolku-korisni-trikovi-neverojatni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-kockite-mraz-za-koi-dosega-ne-znaevte-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар