Коцка мраз за убаво лице по рецепт на Мерлин Монро

Коцка мраз за убаво лице по рецепт на Мерлин Монро

Најсексапилната дива на сите времиња, Мерлин Монро, секое утро го поминувала лицето со коцка мраз. Ако таа го правела ова, зошто да ги занемариме нејзините совети и не би го пробале овој третман и самите?

1-kocka-mraz-za-ubavo-lice-po-recept-na-merlin-monro-kafepauza.mk

Што се случува со лицето после оваа процедура?

Како што коцката мраз се лизга по лицето, крвните садови се прошируваат, капиларите се полнат со крв, а кожата почнува да диши.

Пред да почнете да го користите мразот во служба на убавината на вашето лице, запаметете ги следниве совети од секси дивата.

  1. Никогаш не користете вода од чешма. Користете превриена, филтрирана или негазирана минерална вода.
  2. Чувајте го козметичкиот мраз во замрзнувачот, не повеќе од 10 дена.
  3. Земете го предвид типот на вашата кожа. На сувата кожа не ѝ одговара третманот со мраз.
  4. Лицето бришете го со коцка мраз до 3 минути.
  5. Благо преминувајте со коцката мраз по разни делови од лицето: од центарот на челото кон слепоочниците, од подбрадокот кон ушите, од аглите на усните кон средината на ушите, од коренот на носот кон слепоочниците.

2-kocka-mraz-za-ubavo-lice-po-recept-na-merlin-monro-kafepauza.mk

Козметичкиот мраз можете да го подготвите и со помош на лековити тревки како нане, камилица, жалфија или која било ваша омилена билка.

Нането е корисно за средовечната кожа, змиското млеко ја ублажува иритацијата, жалфијата ги регенерира клетките на кожата, мајчината душица ја прави кожата свиленкаста и мека. Сокот од алое ја спречува појавата на брчки и благо ги елиминира веќе постоечите, лечи акни, митесери и мозолчиња. Многу други билки делуваат притввоспалително и тонирачки на лицето.

За да се ослободите од подочниците, подуеноста и темните кругови под очите, користете лед од црн и зелен чај, камилица или кантарион. За кожата околу очите благотворно е да се користи замрзнато млеко.

Начин на подготовка:

Две лажички иситнети билки полијте со половина литар превриена вода. Садот поклопете го и оставате го да отстои 3-4 часа.

Процедете ја течноста и налејте ја во калапи за мраз. Ставете ги во замрзнувачот.

Како да се користи?

Поминувајте ја кожата на лицето со коцка мраз наутро и навечер. Потоа нежно избришете се со пешкир и нанесете крема. Не го заборавајте вратот и деколтето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар