Сосема е во ред вашите деца да не бидат постојано среќни

Природно е родителите да се чувствуваат тажни кога нивните деца се несреќни. Во тие моменти сакаат да им го олеснат страдањето, особено кога самите родители се причина за тоа. Сепак, важно е да се сфати дека несреќните моменти ги учат децата на потребните животни лекции. Не е возможно да се има постојана среќа. Со фокусирањето на тоа да направите на вашите деца сѐ да им изгледа совршено и да се трудите постојано да ги направите среќни, вие само ќе им покажете дека сите работи во животот ќе може да ги добијат на лесен начин. Со ова не им овозможувате да учат како да се соочат со тешките времиња и да ги почувствуваат негативните емоции и страдањето. Имено, токму тие ги нудат најдобрите лекции во животот и можности за растење.

Сосема е во ред вашите деца да не бидат постојано среќни

Ефикасниот родител умее добро да воспитува

Да се биде ефикасен родител значи да се биде учител, односно личност која ќе воспоставува дисциплина. Обврска на родителите е да ги учат децата на одговорност, почитување, точно и погрешно однесување, да им дадат до знаење за последиците од лошите постапки и многу повеќе. Ако детето не е свесно што го очекува доколку се однесува несоодветно и не се придржува до одредени правила во животот, честопати тоа ќе доведе до поголеми проблеми во иднина.

Еве што велат истражувањата на оваа тема

Истражувањата покажуваат дека неефикасните родители може да водат до академски проблеми, проблеми во однесувањето, со менталното здравје и емоционални проблеми. Кога детето расте искусувајќи и несреќни моменти, тогаш тој учи многу лекции со кои го надминува детето кое има проблеми со однесувањето затоа што бил израснат од неефикасни родители. Понекогаш големите очекувања од вашите деца и доделувањето повеќе одговорности може да предизвикаат несреќни моменти, но сепак, тоа е во ред. Да имате несреќно дете не значи дека сте лош родител. Тоа не треба да ве оддалечи од вашите очекувања од нив, одговорностите кои ги имаат или дисциплината. Можеби ќе се чувствувате лошо и ќе бидете тажни поради ваквите ваши одлуки, но, треба да сфатите дека тоа е дел од родителската улога.

Сосема е во ред вашите деца да не бидат постојано среќни

Еве што треба да запаметите

Вие не сте лош родител доколку има денови кога вашите деца не се среќни затоа што сте ги натерале да ги измијат садовите, ниту пак затоа што не ви зборуваат со денови поради тоа што сте ги критикувале за лошите оценки на училиште. Вие сте ефективен родител што го учи детето дека понекогаш во животот треба да се трпат последиците од своите постапки. Вие ги учите дека многу работи во животот не се дадени со леснотија и дека треба да се потрудат да го добијат она што го сакаат. Ги учите дека понекогаш треба да го направат она што не сакаат, а исто така и дека секогаш ќе постојат несреќни и моменти на незадоволство, но треба да научат како да се справат со истите. Дисциплинираните деца ќе израснат во успешни, одговорни и почитувани личности. И најверојатно подоцна во животот, кога и тие самите ќе бидат родители, ќе ви се заблагодарат за вашата значајна улога и за оние несреќни моменти со кои би требало да се соочат, затоа што токму тие им помогнале да научат како да бидат успешни личности и родители.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар