Секој совет не е добронамерен! Заборавете ги овие 10 лоши совети за флертувањето

Без разлика дали ќе побарате совет за флертување од вашата мајка, пријателка или пак на Интернет, ќе наидете на изобилие од мислења. Проблемот е во тоа што секој има свое мислење, а тоа не значи дека ако една теорија одговарала за дадената ситуација, ќе одговара и во следната. Секако, некои совети се безвремени, како на пример дека најважно е да се почитувате себеси, но постојат и многу други кои се безвредни, некорисни и кои треба веднаш да ги заборавите.

Young couple sitting on bench outdoor.

1. „Не го правете првиот чекор.“ Не сфаќајте нè погрешно – нема ништо погрешно во тоа да сакате да ве поканат на состанок и да ве освојат. Но, исто така, сфатете дека нема ништо лошо во тоа вие да го направите првиот чекор бидејќи многу момци се неспособни за овој храбар потег. Толку многу, што на крајот дури ќе мислат дека тоа било нивна идеја.

2. „Дајте му шанса на секого.“ Како поминуваат годините, разумно е да ги прифаќате сите состаноци на кои ќе бидете поканети, без разлика колку е страшна идејата да поминете време со некого. И некои луѓе навистина може да ве изненадат на позитивен начин. Но, исто така не дозволувајте да завршите со некој кој не ви делува така, само затоа што сакате да се скрасите, а притоа не ви е сосема јасно што заслужувате.

3. „Треба да излегувате со некој кој е од вашата ‘лига’“. Сите ние сме луѓе. Дури и принцот е само обичен човек. Не мачете се да дефинирате нечиј статус пред да го запознаете, во спротивно може да пропуштите совршена прилика.

4. „Излегувањето на состанок треба да ви биде приоритет.“ Мислите, поважно од работата? Поважно од сите важни луѓе кои се составен дел од вашиот живот? Добро, кога станува збор за флертувањето, треба да се направи некој напор. Но, никој не ве плаќа за да напуштите сè и да се посветите само на тоа. Бидете реални.

5. „Нема да се подмладите.“ Да, како и сите останати. Ова е исто како кога некој ви сугерира листа на бестселери додека вие имате полно идеи за поразличен вид книги. Тоа е само ваш процес и вие сте единствените кои треба да одлучувате за тоа.

2-sekoj-sovet-ne-e-dobronameren-zaboravete-gi-ovie-10-loshi-soveti-za-flertuvanjeto-www.kafepauza.mk_

6. „Потребно е време за да се развие привлечност.“ Па, не мора да значи. Понекогаш, луѓето одлучуваат да бидат заедно, а потоа да најдат некој нов елемент во нивната љубов кој ќе создаде еден поинаков вид привлечност. Но, никако не смеете да принудувате некој да започне нешто со некого ако не постои никаква искра. Исто така, нема да се воспостави длабока поврзаност ако имате само „силно топло чувство“ за некого.

7. „Немојте пребрзо да спиете со него.“ Ако имаше магична бројка за оваа работа, верувајте дека ќе слушневте за тоа. Не постои „премногу рано“. Ако чувствувате дека тоа е баш вистинскиот момент, тогаш нема потреба да одложувате уште една недела.

8. „Треба да имате секс за една ноќ.“ Гледате колку е овој совет контрадикторен? Не правете го тоа само за да имате „искуство“, но може да имате секс за една вечер кога посакате, ако навистина го сакате тоа. Ако не, не принудувајте се себеси на незгоден и чуден сексуален однос.

9. „Бидете резервирани.“ Не треба да ја изложите сета валкана облека уште во првите пет минути од запознавањето, но ова важи за секој вид односи – од пријатели до соработници.

10. „Секогаш изгледајте прекрасно за во случај да ја запознаете вашата сродна душа во маркетот.“ Ова би било супер ако имавме гламурозен тим кој може да ни овозможи третман во секој период од денот. Повеќето од нас немаат. Вашата сродна душа нема да избега од вас само затоа што сте испотени после тренинг. Затоа живејте го вашиот живот и не грижете се премногу.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар