Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

Внесувањето помалку калории и шеќери е речиси најсигурната стратегија за слабеење. Веќе знаете дека крофните, чоколадната торта и слатките го полнат вашето тело со шеќери и калории. Но, она што не го знаете е дека намаленото внесување на газирани пијалаци, сокови и кафиња може да има големо влијание на вашето здравје и тежина. Според науката, дури и не треба целосно да се откажете од шеќерот.

Пиеме премногу газирани пијалаци

Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

Консумирањето газирани пијалаци се нема намалено во последнава деценија. Според истражувањата, просечните луѓе пијат околу 8 лименки од 350 милилитри газирани пијалаци неделно. Значи речиси една лименка дневно. Една лименка од 350 милилитри содржи околу 9 лажички шеќер, а препорачаната дневна доза за возрасни жени е 6 лажички.

Што се случува кога ги пиете калориите?

Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

Нашите тела не реагираат исто на течните калории како што реагираат на енергијата од тврдата храна. Калориите од пијалаците нема да го намалат вашиот глад како што тоа го прават „вистинските“ калории. Па, голема е веројатноста да внесете повеќе калории. Истражувањата исто така покажале дека луѓето не консумираат помалку калории кога консумираат повеќе енергија од слатки пијалаци. Токму поради ова пиењето на калориите може да предизвика дебелеење.

Постои ли врска помеѓу засладените пијалаци и дебелината?

Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

Постојат многу ризични фактори и животни избори кои се поврзани со дебелината, а немаат никаква врска со вашиот начин на исхрана. Но, она што го пиете исто така има голема улога во ризикот од дебелеење. Долгорочните истражувања покажале дека редовното пиење газирани пијалаци може да придонесува најмногу за дебелината. За жал, тоа не е единствената лоша последица од пиењето газирани пијалаци со секој оброк.

Како пиењето шеќери предизвикува дијабетес?

Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

Дијабетесот се развива кога клетките на телото стануваат отпорни на инсулинот, хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Колку повеќе шеќер консумирате, толку поголем е ризикот од дијабетес, без разлика од каде потекнува шеќерот. Истражувањата покажале дека луѓето кои консумираат една или повеќе лименки газирани пијалаци дневно, имаат 26% поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2. Сега замислете што би се случило ако го намалите внесувањето на еден пијалак неделно.

Што се случило кога 11.000 жени пиеле помалку газирани пијалаци?

Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

Засладените пијалаци често се причина за дебелина, но дали пиењето помалку ќе ви помогне да го изгубите вишокот килограми? Едно истражување објавено во American Journal of Public Health, открило дека жените кои го намалиле консумирањето газирани пијалаци, во текот на 2 години помалку се здебелиле. Жените кои продолжиле да пијат исто количество газирани пијалаци, или повеќе, ја зголемиле својата тежина за разлика од жените кои пиеле само 1 пијалак неделно. Ова покажува дека со текот на времето, намалувањето на консумирањето газирани пијалаци може да има придонес во слабеењето.

Најлошите засладени пијалаци за вашето здравје и тежина

Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

За жал, газираните пијалаци не се единствените засладени пијалаци на кои треба да внимавате ако сакате да ослабите. Повеќето пијалаци, иако изгледаат поздрави од газираните, се исто лоши за вас, ако не и полоши. Држете се настрана од овошни сокови, енергетски пијалаци и кафиња со додатоци. Постојат многу поздрави опции.

Најдобрите намирници за слабеење

Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

Јадењето здрава и свежа храна има големо влијание на промената на тежината. Заменувањето на нездравите намирници со поздрави може значително да го намали бројот на внесени калории, а ова пак ќе ви помогне да ослабите. Водата, зелениот чај и црното кафе може да се сметаат за здрави пијалаци. Пиењето повеќе вода е одлично за целокупното здравје, особено ако се борите со вишокот килограми.

Погледнете ги и другите ужасни работи кои газираните пијалаци му ги прават на вашето тело.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар