Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

Секој кој чува куче сака да ги овековечи моментите со него. Но, сигурно и вие ќе се согласите дека многу е тешко да се фотографира, затоа што тоа постојано е во движење. За да направите добри фотографии, денес ви прикажуваме неколку совети кои ќе ви бидат од голема корист.

Покажете му нешто за јадење со што ќе му го привлечете вниманието

Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

Не го сфаќајте ова на погрешен начин, но кучето нема да ви го даде вниманието што го барате, доколку малку не го поттикнете. Кога имате нешто за јадење во вашата рака, тоа ќе ги впери очите во вас. Покажете му што држите и кажете му да седне. Потоа, насочете ја раката во насока каде што сакате да гледа кучето, дигнете ја над камерата и веднаш фотографирајте.

Употребувајте природна светлина

Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

За најдобри и најквалитетни фотографии, користете ги предностите на природната светлина. Најдобро е да ги користите „златните часови“ за време на самракот и зајдисонцето. Тогаш сонцето дава нежна светлина и помалку контраст, во споредба со непријатната пладневна светлина.

Побарајте помош од некого

Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

Фотографирањето на вашето куче додека си игра е најлесниот начин да ја фатите неговата енергична и разиграна личност. Но, за ова можеби ќе ви треба малку помош. Така, најдобро е со вас да повикате некој пријател кој ќе му ја дофрла топката или играчките, додека вие фотографирате. На овој начин можете да направите повеќе фотографии и потоа да ја изберете најубавата и најинтересната.

Фотографирајте го вашето куче додека спие

Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

Додека е потонат во длабок сон, вие можете да направите одлични фотографии од вашиот крзнен пријател. Погледнете само колку слатко лице има.

Легнете до него

Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

Иако постојат некои моменти кога сакате да го фотографирате вашето куче од горна перспектива, сепак, најдобар начин да ги фатите неговите карактеристики е на негово ниво.

Променете ја перспективата

Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

Наместо постојано да го фотографирате вашето куче додека е во неговиот кревет, променете ја вашата перспектива така што ќе го фотографирате од различни агли. Секогаш е поинтересно да имате фотографии од различни пози.

Не заборавајте да ги уредите фотографиите

Неколку трикови кои ќе ви помогнат подобро да го фотографирате вашето куче

Алатката за уредување на фотографиите може да биде ваш најдобар пријател. Симнете си некоја апликација или пак едноставно за ова користете го Инстаграм. Испробувајте различни филтри, сенки или контрасти. Сепак, внимавајте кучето да биде во фокусот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар