Неколку лоши навики за убавина коишто треба да престанете да ги практикувате уште денес

Неколку лоши навики за убавина коишто треба да престанете да ги практикувате уште денес

Повеќето од нас, особено жените, тежнееме за здрава и блескава кожа. За да го постигнеме ова следиме секакви општи практики за убавина, без притоа да знаеме дали тие се добри за нашата кожа или не. Додека го правиме тоа, свесно или несвесно, ние повеќе си штетиме отколку што си помагаме. Информираноста за овие погрешни практики за убавина ќе ви помогне да ја сочувате вашата кожа здрава и убава.

1. Го миете лицето рано наутро

Секојдневна рутина е да го миете лицето, дури и пред да започнете со денот. Но, користењето груби средства за миење во раните утрински часови, може да ѝ наштети на вашата кожа на тој начин што ќе ги отстрани сите есенцијални масла. За здрава кожа, едноставно измијте се со вода и нанесете крем со заштитен фактор 15 или поголем.

2. Го игнорирате вратот

Правите сè за вашето лице да изгледа добро, а притоа го игнорирате вратот. Не заборавајте да нанесете крема и на него затоа што разликата помеѓу лицето и вратот е јасно видлива.

3. Користите пегла за коса

Не користете ја пеглата за коса кога не е неопходно. Таа ја оштетува косата повеќе од фарбањето и ја прави да изгледа доста груба.

4. Користите премногу шминка

Жените треба да се сакаат онакви какви што се. Носењето премногу шминка е исто како да ставате маска. Задржете ја природната убавина, а доколку одредени прилики бараат користење шминка, тогаш не претерувајте и нанесете помал слој.

5. Вежбате и спиете со шминка

Во текот на денот, кога е топло, телото се лади преку потењето и потта навлегува во порите. Носењето шминка ги блокира порите и тоа предизвикува појава на акни. Затоа, пред спиење избришете ја вашата шминка и исчистете го лицето со средство за чистење.

6. Мократа коса ја оставате во крпа

Однесувајте се со вашата коса со љубов и грижа. Влажната и заплеткана коса е слаба, па не е добро да ѝ нанесувате дополнителна штета. Завиткувањето на вашата коса во крпа и нејзиното триење од неа може да го уништи вашето влакно и целосно да ја оштети.

7. Користите сламки за пиење

Користењето сламки за пиење сок, кафе или чај може да предизвика брчки на вашето лице. Затоа, избегнувајте ги што повеќе!

За да ја заштитите вашата кожа, вметнете ги здравите навики во вашето секојдневие и спречете ги лошите ефекти на вашето тело!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар