10 лекции за убав живот од француските жени

10 лекции за убав живот од француските жени

Франција е земја во која скоро секоја жена во нејзините 50-ти години изгледа убаво и елегантно. Овие жени со леснотија носат здолништа над колена, не обрнувајќи внимание на нивната возраст и едноставно изгледаат и што е уште поважно, се чувствуваат одлично, дури и ако нивната појава, според конвенционалните стандарди, е далеку од тоа како изгледале некогаш. Тие не се плашат од стареење и се чувствуваат комотно со своите брчки.

10 лекции за убав живот од француските жени

Ви презентираме 10 лекции од книгата на Ребека Плантие – „Лекции од Франција: Храна, Фитнес, Семејство“. Дефинитивно има за што да размислите.

1. Активниот животен стил значи да останете активни и откако ќе остарите

Активноста и во поодминати години од животот е интегрален дел од француската култура и практично Французите не се откажуваат од ништо без разлика на возраста. Тие пешачат, искачуваат планини, веслаат кајак, играат тенис, трчаат, скијаат. Тоа не се должи на посветеност кон спортот, туку затоа што тоа е едноставно нивниот животен стил. Дури и кога одат на одмор, Французите преферираат места каде што ќе може да имаат „активен одмор“, а не само да лежат на сонцето.

2. Смислата за хумор е моќен антиоксиданс

Познатиот француски сарказам им помага на француските дами да не прават драма од својата возраст и стареењето. Ниту еден друг јазик нема толку шеги и досетки дека „животот почнува во 40-тите“ и дека вториот бран на животни страсти доаѓа дури на 50 години.

3. Добрата храна е религија

Сите знаат дека Французите се опседнати со храна, но поентата е дека тие преферираат да јадат во мали количини, и тоа само убава и исклучителна храна. Француските жени воопшто не сакаат големи и обилни оброци. Како што стареат, кога тоа го дозволуваат финансиските можности, се зголемува опсесијата на француските дами за добрата исхрана, па тие често јадат во ресторани и уживаат во малите порции, виното и доброто друштво повеќе од кога било претходно. Сето ова помага да ја задржат добрата форма и ретко постои голема разлика споредено со тежината која ја имале во своите 20-ти и 40-ти години.

4. Француските жени како што стареат си дозволуваат повеќе

Како што минуваат годините, нивните деца растат и бараат помалку внимание, па француските жени се чувствуваат слободни да си обрнат повеќе време себеси. Тие трошат повеќе пари за свои задоволства, одат на патувања без своите семејства и си купуваат поскапа облека. Француската жена на 40 години нема да чувствува каење ако купи нови чевли, наместо Xbox за нејзиниот син. Уште повеќе, таа ќе мисли дека тоа било правилна одлука. Ако сакаш Xbox, работи. Вообичаено, француските баби не ги чуваат своите внуци и повеќе никој не гледа на бабите како на бесплатни беби-ситерки.

5. Како што стареат, Французинките купуваат помалку облека, но она што го купуваат е поскапо

И поквалитетно. Дури и жените со просечни примања купуваат скапи и удобни нешта: кашмир, свила, добри чевли и барем една поскапа чанта. Сите овие нешта имаат огромна улога во нивниот елегантен стил.

10 лекции за убав живот од француските жени

6. Нивниот социјален живот станува поактивен и поинтересен

За разлика од жените во другите земји кои често преферираат да останат дома пред телевизорот, француските дами, а посебно тие во големите градови, почнуваат да водат поактивен живот отколку во нивната младост. Децата растат и повеќе не им е потребно постојано внимание, а семејниот живот им е стабилен и удобен… Па време е за забава, кафиња, кино, театар. Активниот социјален живот има и одредени побарувања, како добра фризура и импресивен стил, добро одржани дланки, убава облека и секако високи штикли.

7. Стареењето не е болест и нема потреба да се лекува

Француските жени се чувствуваат удобно со своите години и брчките кои ги носат. Очигледните пластични корекции на лицето предизвикуваат потсмев наместо восхит. За разлика од другите жени кои сѐ уште се опседнати со идејата да изгледаат млади и на 80 години, француските дами веруваат дека отсуството на брчки на одредена возраст е знак за душевни проблеми, а секако тоа не е причина за восхит.

8. Може да носите што сакате без разлика на возраста

Француските жени се чувствуваат комотно во здолништа над колена и тесни хеланки без разлика на тоа што се во 50-тите години од својот живот. Во Франција никогаш не сте престари за да правите нешто, пример мајка и ќерка можат да носат иста облека. Јасно е дека со годините се менуваат вкусот и финансиските можности и постарите жени често преферираат поскапа и покласична облека. И покрај тоа, во друга земја нема да најдете повеќе жени на возраст од 40 до 60 години кои носат фустани и тесни фармерки.

9. Нема старосна граница за сексуалниот живот

Напротив, ако живеете во Франција знаете дека вашата втора младост започнува после 40-тата година. Веќе сте направиле нешто во животот, сте научиле многу лекции и време е да уживате во одличните физички карактеристики, заедно со стекнатото животно искуство. Ова истовремено е добро и лошо. Добро е затоа што позитивно влијае на женското чувство за себеси, а лошо е затоа што може да биде причина за многу разводи.

10. Можете да си дозволите сѐ, но во умерени количини

Ова вклучува вино, оброци во текот на ноќта, па дури и цигари. Нема никаква штета од една цигара дневно, после појадокот. Французинките веруваат дека задоволството од кафе и цигара е подобро од стресното, присилено откажување од цигарите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар