Девојки, колку труд и вежби се потребни за да бидете во ТОП форма?

Девојки, колку труд и вежби се потребни за да бидете во ТОП форма?

Јадете брза храна и пиете Кока-кола, имате витка става и за тип-топ изглед доволно ви е малку маскара, црвен кармин и мал црн фустан. Станувате и подготвувате богат појадок – омлет со јајца, препечен леб со мармалад од портокали, џус и кафе, и ги облекувате вашите омилени фармерки без мака. Доцна навечер јадете сладолед од фамилијарно пакување во креветот додека гледате филм, а наутро застанувате на вагата и нема промени. Е, тоа е возможно само во филмовите! Во реалноста, за категоријата фит девојки ќе морате доста да се потрудите.

1-fit-devojkite-sovetuvaat-kolku-trud-i-vezhbi-se-potrebni-za-da-bidete-vo-top-forma-www.kafepauza.mk_

1. Одењето во теретана со целосна шминка на лицето, 2 недели пред да одите на шопинг за само да загубите 3 килограми и малку да се затегнете, нема да ви ги даде очекуваните резултати. За она што сте го наумиле, а тоа е изјавата „фустанот одлично ми стои“, потребен ви е систематски тренинг.

2. Стратегијата, работата и дисциплината се задолжителни зборови во вашиот вокабулар за убавина. Не постои: „Денес не можам да вежбам, синоќа работев до доцна.“ Одењето на тренинг прифатете го како најприродна работа која треба да ја извршувате секојдневно.

3.Ќе откриете која физичка активност најмногу ви одговара откако ќе ги испробате сите. Не сите кои се нудат, секако. Поентата е да сте во форма и затегнати, а не да имате набилдани мускули, бидејќи тоа не е женствено. Затоа ви предлагаме пливање, пилатес, јога или некоја женска фитнес програма. Останатото истражете го сами.

4. Не избегнувајте ги вежбите за обликување на торзото, особено оние за стомачни мускули. На почетокот, чувството колку сте неподготвени знае да биде фрустрирачко, но останете упорни и истрајни, па ќе видите како со текот на времето ќе добиете желба да бидете подобри и посилни и правилно да ги изведувате.

5. Внимателно и истрајно работете на затегнување на задникот. Никогаш не можете да претерате со вежбите за обликување на задникот.

2-fit-devojkite-sovetuvaat-kolku-trud-i-vezhbi-se-potrebni-za-da-bidete-vo-top-forma-www.kafepauza.mk_

6. Не оптоварувајте се со телата на ангелите од „Victoria´s Secret“, бидејќи љубомората ќе ве однесе прво до фрижидерот, а потоа ќе ве фрли во очај. Само работете на тоа својата фигура ја доведете до перфекција.

7. Размислувањето „Можам подобро, побрзо, посилно…“ оставете го на момците. Вие вежбајте за да ги поправите вашите недостатоци, со темпо што вам најмногу ви одговара.

8. Кога ќе вежбате фокусирајте се на дишењето. Тоа е најдобриот начин да ја поттикнете енергијата и да се ослободите од напнатоста и стресот.

9. Тренингот е добар само ако после него психички, но и физички се чуствувате совршено. Целта не е да си одите дома изморени и исцрпени до тој степен да не можете ни да стоите на нозе.

10. Царската гозба после тренингот, не заборавајте, е салатата!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар