Дали знаевте дека може да го искористите фенот за коса на овие начини? Ќе се воодушевите!

Фенот за коса е предмет кој секој го има во својот дом. Секако, тој е незаменлив во секојдневниот живот на секоја жена. Многумина од нас го користат само за неговата универзална намена, сушење на косата, без да знаат какво универзално средство може тој да биде. Ви предлагаме да ги запознаете овие 10 начини на којшто може да го искористите вашиот фен. Можеби некои ќе ги препознаете, но поголем дел од нив ќе ги сретнете за прв пат. Се надеваме дека овој обичен апарат ќе се претвори во најдобар помошник во вашето домаќинство.

1-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

1. За отстранување на трагите од дрвени бои од ѕидот

Детските ремек-дела може лесно да ги отстраните со помош на фенот. Загрејте го со фенот местото каде што е направена штетата, а потоa пребришете со крпа. Лесно и ефикасно.

2-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

2. За отстранување на самолепливите сликички

Кај оние кои имаат мали деца, секогаш се појавуваaт самолепливи сликички по мебелот. Во овој случај, топлиот воздух насочете го кој несаканата сликичка, а потоа лесно одлепете ја.

3-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_4-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

3. За корекција на очилата

Ако новите очила ви се малку лабави, вклучете го фенот на најјакиот степeн и дувајте во рачките. Тие ќе станат меки и лесни за виткање, па ќе може да ги коригирате.

5-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

4. За експресно сушење на ноктите

Многумина знаат за оваа метода, но малкумина ја испробале. Но, навистина делува! Ако се брзате, исушете го лакот за нокти со помош на фен. Воздухот не треба да биде топол.

6-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

5. За отстранување на стврднатиот восок

Восокот од работната површина може лесно да го отстраните со помош на фен.

7-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_8-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

6. За чистење на огледалото во бањата

Ако огледалото во бањата се замаглува или пак е покриено со дамки, насочете го топлиот воздух од фенот кон него. Сите дамки постепено ќе исчезнат.

9-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

7. За безболно отстранување на фластерот

За да го отстраните фластерот од кожата, загрејте го со топол воздух од фенот, и потоа тој лесно ќе се одлепи од неа.

10-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

8. За облоги

Ако сте нанеле топли облоги, многу е важно да ја одржувате температурата, а за тоа ќе ви помогне фенот.

11-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

9. За одлепување на загорениот колач

Ако колачот малку загорел, загрејте го дното на тепсијата со фен, па потоа полесно ќе го извадите.

12-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

Ако пак глазурата не се распоредува рамномерно, загрејте ја со топол воздух. Потоа користете ладен воздух за таа да стане мазна.

13-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

10. За необична уметност со најмалите

За децата да нацртаат креативна слика, може да користат мрсни бои. Фиксирајте ги боите на хартија и загревајте ги со фен. Погледнете го прекрасното виножито!

14-dali-znaevte-deka-mozhe-da-go-iskoristite-fenot-za-kosa-na-ovie-nachini-kje-se-voodushevite-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар