Азијките откриваат: 7 тајни за беспрекорна кожа!

Азиските жени се познати по својата беспрекорна кожа, но иако многумина сметаат дека тоа пред сè е генетски, сепак дел од заслугата за ова припаѓа и на правилната нега. А доколку и вие сте воодушевени од нивниот изглед и сакате да дознаете во што се крие нивната тајна, тогаш денес е вашиот среќен ден, бидејќи во продолжение следуваат одговорите на тоа прашање.

1-azijkite-otkrivaat-7-tajni-za-besprekorna-kozha-www.kafepauza.mk_

1. Метода „4-2-4“ за миење на лицето

Азијките се „колнат“ во методата на миење наречена „4-2-4“. За што станува збор? Станува збор за таканаречената бифазна метода на чистење која подразбира првите четири минути на лицето да се нанесува хидрофилно масло за чистење, потоа две минути се нанесува крема за прочистување и благ пилинг, а потоа последните 4 минути лицето се мие со вода.

2. Сунѓер за лице направен од коњац

Сунѓерот направен од коњац е вистински хит во Азија, а пополека го освојува и нашиот пазар. Станува збор за специфичен сунѓер изработен од коренот на истоимената билка. Пред употреба потопете го во топла вода за да омекне, а потоа со него исчистете го лицето со кружни движења, започнувајќи од челото, па сè до брадата. Можете да го користите со и без некаков производ за чистење.

2-azijkite-otkrivaat-7-tajni-za-besprekorna-kozha-www.kafepauza.mk_

3. Еднаш неделно направете длабинско чистење на лицето

Еднаш неделно би требало да се почестите себе и вашето лице со длабинска нега, односно, со хранливи маски или масла. Освен тоа, за Азијките честопати се вели дека користат дури 17 производи за нега, а тие секогаш се водат по овој редослед кога ги нанесуваат производите на лицето: Најпрво ги нанесуваат оние со лесни текстури, па потоа сè „потешки“ и „потешки“.

4. Секогаш нанесувајте крема со заштитен фактор

Азијките изгледаат толку младолико, а една од причините е тоа што тие секогаш се заштитуваат од сонцето. Тие обично носат големи очила за сонце или чадори и тогаш кога не врне дожд, но тоа не е моден детаљ туку начин на кој ја штитат својата кожа. Освен тоа, кремата со заштитен фактор е задолжителна, секогаш и секаде.

5. Оризова вода

Веќе со векови наназад Азијките користат оризова вода за миење за да го подобрат изгледот на својата кожа, нејзината боја и тон. Освен тоа, оваа вода, може да ви послужи и за миење на косата со што ќе добиете сјајни резултати!

3-azijkite-otkrivaat-7-tajni-za-besprekorna-kozha-www.kafepauza.mk_

6. Нане и зелен чај

Со нането или зелениот чај вашата кожа навистина може да блеска! Азијките ги користат овие чаеви за миење на лицето или пак ги додаваат во своите производи за нега.

7. Производи во вид на пена

Азијките никогаш не ги нанесуваат производите директно на лицето туку најпрво ги протриваат помеѓу прстите, ги претвораат во пена или сапуница за да ги активираат сите хранливи состојки, па дури потоа ги нанесуваат на лицето.

4-azijkite-otkrivaat-7-tajni-za-besprekorna-kozha-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар