8 работи што секоја русокоса треба да ги знае: Заштитете ја косата од сонце, хлор и топлина!

8 работи што секоја русокоса треба да ги знае: Заштитете ја косата од сонце, хлор и топлина!

Без разлика на тоа дали сте природна русокоса, фарбана, со прамени, платинеста или златна, овие 8 совети ќе ви помогнат вашата руса коса да изгледа совршено секој ден и во секоја прилика.

1. Набавите филтер за туш

Знаете дека водата во себе може да содржи бигор, но и други минерали кои лошо влијаат не само на квалитетот на косата, туку и на нејзината боја. Затоа, најпаметно е да набавите специјални филтри за прочистување на водата кои ќе ги ставите на „главата“ на тушот и со тоа ќе ги заштитите вашите нежни влакна.

2. Користете виолетови шампони

Доколку ја бојадисувате косата, понекогаш таа може да почне да наликува на портокалово. Затоа, пројдете шампон кој во себе содржи виолетови пигменти што ќе ѝ дадат ладна нота на вашата боја и на тој начин ќе го спречат непосакуваниот отсјај. Ако русата боја не сјае на златно, тогаш таа треба да биде „ледена“. Ништо друго не доаѓа предвид.

2-zashtitete-ja-kosata-od-sonce-hlor-i-toplina-8-raboti-koi-sekoja-rusokosa-treba-da-go-znae-za-svojata-boja-na-kosa-www.kafepazua.mk_

3. Испробајте маски со протеини

Најмногу еднаш неделно би требало да ја почестите вашата коса со хранлива протеинска маска која ќе ги „надополни“ влакната и ќе ја направи густа, мека и цврста. Особено ако имате испукани и скршени влакна. За русата боја на коса ова е задолжително!

4. Чувајте ја од хлор

Пред да се нурнете во базенот, натопете ја косата со „нормална“ вода од чешма, бидејќи на тој начин вашата коса нема да впие толку хлор и евентуално да позелени.

5. Чувајте ја од сонце

Исто како и кожата, така и косата би требало да ја заштитите од сончевите зраци. Едноставно набавете спреј за коса со заштитен фактор и задолжително носете шешир или нешто друго со што ќе ја сокриете од директно изложување на сонцето.

3-zashtitete-ja-kosata-od-sonce-hlor-i-toplina-8-raboti-koi-sekoja-rusokosa-treba-da-go-znae-za-svojata-boja-na-kosa-www.kafepazua.mk_

6. Чувајте ја од топлина

Каков било извор на топлина може да биде штетен за русата коса. Затоа, дури и кога ја сушите со фен или ја обликувате со преса или со фигаро, а не само кога се сончате, напрскајте ја косата со заштитен спреј и уживајте во разлетаната, мека и негувана коса. И секако, постојаната боја!

7. Не бојадисувајте ја косата пречесто

Ако се бојадисувате во премногу светла боја, а вашата природна боја на коса е темна, ќе посакате да истрчате кај вашиот фризер веднаш штом се забележи првиот милиметар од вашата природна нијанса. Нема да ве предомислуваме од тоа да се бојадисувате, но барем обидете се да одите на фризер еднаш месечно, не почесто, доколку сакате да го зачувате квалитетот на влакната, но и косата генерално.

8. Редовно пострижување

Без разлика на тоа дали сте природна или фарбана русокоса, паметно е на секој месец или два да ја пострижувате косата за неколку сантиметри. Чисто за да ја одржувате густината и квалитетот, бидејќи само негуваната коса е убава коса.

Нијанси на руса коса: Врвен водич за блондинки со кој треба да појдете на фризер!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар