8 брзи начини да го подобрите расположението

Многу од секојдневните ситуации и обврски придонесуваат за намалување на расположението. Во такви моменти, сѐ што сакате е да се оддалечите од сите и да се смирите. Сепак, за жал, не можете секогаш да го најдете вистинскиот излез од таквите ситуации. Но, постојат некои брзи, но навистина ефикасни начини за да се расположите и да ја вратите својата енергија, а во продолжение погледнете кои се тие.

8 брзи начини кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението

1. Јавете ѝ се на вашата мајка

Можете да им испратите илјадници пораки на вашите пријатели, но ништо нема подобро да ве расположи од гласот на вашата мајка или некој друг член на семејството. Покрај сета бучава и стрес, нивниот пријатен глас добро ќе ви влијае.

8 брзи начини кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението

2. Јадете зачинета или топла храна

Зачинетата или топла храна ја зголемува температурата во организмот, при што се опушта целото тело. Ако почувствувате дека сте совладани од некои негативни чувства, тогаш посегнете по топол чај од ѓумбир, или пак релаксирајте се во топла бања. Зголемувањето на телесната температура ја намалува напнатоста во мускулите, ги променува навиките во мозокот, а и го подобрува расположението.

8 брзи начини кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението

3. Лулајте се

Дали некогаш сте се запрашале зошто старите луѓе изгледаат среќно во столовите за лулање? Всушност, лулањето е природен начин за опуштање на телото. Ритмичките движења му овозможуваат на мозокот да се опушти, а со тоа се забавуваат и отчукувањата на срцето.

8 брзи начини да го подобрите расположението

4. Ставете си детска, миризлива пудра

Откако ќе се истуширате, ставете си на телото пудра или некој друг детски производ со јак мирис. Зошто да го направите ова? Затоа што мирисот на детската пудра може да го победи лошото расположение и да ви создаде чувство на сигурност и удобност.

8 брзи начини кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението

5. Правете пауза четири пати на ден

Според психијатарите од медицинскиот центар во Њујорк, петминутните паузи четири пати дневно (вкупно 20 минути) се одлични затоа што со помош на нив можете да го намалите нивото на стрес за околу 50%. Најважна е паузата после будењето.

8 брзи начини кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението

6. Кажувајте шеги

Колку повеќе се смеете, толку повеќе ќе ги отфрлате негативните чувства. Имено, смеењето испраќа позитивни сигнали до мозокот, а тој возвраќа со добро расположение.

8 брзи начини кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението

7. Носете пастелни бои

Можеби мислите дека веселите тонови како што е портокаловата, светло црвената или жолтата го стимулираат телото, но тие всушност може да предизвикаат нервоза, затоа што се премногу енергични. Потоплите тонови имаат ефект на негување и смирување.

8 брзи начини кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението

8. Вежбајте

Вежбањето од десет или повеќе минути во текот на денот ќе ви го оттргне лошото расположение. Умереното вежбање е добро, но не треба да претерате, затоа што тоа нема да ве направи повеќе среќни.

8 брзи начини кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението

Исто така можете да откриете како да влијаете на вашето расположение со помош на боите.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар