Каладиум е украсно растение што се вклопува во секој ентериер

Каладиум е украсно растение што се вклопува во секој ентериер

Каладиумот е повеќегодишно растение со големи лисја, a постојат 17 вида во Јужна и Централна Америка. Сепак, некои видови може да се најдат и во тропските земји во Азија и Африка. Најпознат вид е Каладиум биколор, што најчесто се одгледува како домашно растение и се користи за производство на скроб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by American Family (@houseplant_af)

Ова растение се вклопува во секој ентериер, а во последно време сè повеќе луѓе сакаат да го имаат. Растението бара добро осветлено место без директна сончева светлина, на пример, на прозорците свртени кон исток или запад. Потребно е да му обезбедите постојана температура од 20 до 25 °C со висок степен на влажност во воздухот и редовно прскање. Во зима, не оставајте го на балконот бидејќи ќе замрзне.

Ова растение бара многу вода во периодот на најактивен раст, особено во текот на летото. Со оглед на големите лисја, потребна му е голема количина влага бидејќи со недостаток на вода, лисјата би го изгубиле својот прекрасен декоративен изглед. На крајот на летото, треба да намалите со наводнувањето, а кога ќе ги испушти лисјата, треба да престанете да го наводнувате.

Кога е во мирување, можете малку да ја навлажнете почвата со прскање за корењата да не почнат да скапуваат. Состојбата на мирување започнува во средината на октомври и трае до рана пролет.

За време на активниот раст, најдобро е да го храните растението со калиум, на секои три до четири недели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tj (@rhaphilomonsthea)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌱sprout。 (@_brusselssprout)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura 🇨🇦 (@the.happy.plant.gal)

Погледнете го и ова прекрасно цвеќе што може да биде и совршен подарок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар