Кога треба да пиете топла, а кога ладна вода ако сакате да ослабите?

Кога треба да пиете топла, а кога ладна вода ако сакате да ослабите?

Најважното правило за здрав живот е минимум осум чаши вода на ден. Ако тренирате или се обидувате да ослабите, мора да знаете дека самата диета нема да даде резултати без соодветно внесување вода.

Кога треба да пиете топла, а кога ладна вода ако сакате да ослабите?

Со цел телото да функционира нормално, доволната количина вода е од голема важност за циркулацијата на крвта и за работата на цревата. Сепак, често се дискутира дали е подобро да пиете топла или ладна вода. И двете опции се добри за правилно функционирање на телото, но постои правило кога се пие топла, а кога ладна вода.

Ладна вода

Нема подобар начин за ладење и освежување од пиењето ладна вода.

Треба да пиете ладна вода пред тренинг бидејќи го поттикнува согорувањето калории. Пиењето ладна вода му помага телото да не се прегрее, особено додека вежбате или за време на топлото време. Непотребното зголемување на телесната температура може да го оптовари срцето затоа што вените имаат тенденција да се шират.

Пиењето ладна вода за да се намали температурата на телото, исто така, помага да се намали дехидрираноста, што може да се појави поради прекумерно потење.

Студената вода расонува. Кога сте поспани, можеби имате навика да пиете повеќе кафе отколку што е потребно, а тоа нема да ви помогне. Ако чувствувате поспаност, напијте се 1-2 чаши вода и веднаш ќе се расоните.

Топла вода

Топлата вода е добар избор, особено наутро по будењето, бидејќи ја стимулира работата на сите органи, како и метаболизмот и варењето на храната. Кога ќе завршите со тренингот, најдобриот начин да ја надоместите изгубената течност и да ја вратите енергијата е да пиете топла вода, која ќе ве исчисти однатре.

Топлата вода спречува стареење на кожата. Таа е поефикасна за ослободување од насобраните токсини во организмот отколку ладната вода. Со ослободување на отпадните материи од телото, кожата може да стане помека и посјајна. Исто така, топлата вода го стимулира создавањето на структурните протеини колаген и еластин, што ја затегнуваат кожата и ги измазнуваат брчките.

Топлата вода е одлична за функционирање на дебелото црево. Таа помага при разградување на храната на помали честички, овозможувајќи им непречено минување низ гастроинтестиналниот тракт. Пиењето топла вода помага при запек, како и при другите симптоми поврзани со него, како што се надуеност, гасови или грчеви во стомакот.

Прочитајте како да пресметате колку чаши вода треба да пиете секој ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар