30 одлични совети и незаменливи факти за употребата на црвениот кармин

Ниту еден друг козметички производ не е поголем симбол за женственост од црвениот кармин. Неговата примарна цел е да го насочи вниманието кон вашите усни, па покрај него нема да ви бидат потребни дополнителни аксесоари, а за сите свечени прилики е апсолутно задолжителен. Па ако и вие сте љубители на најмоќното женско оружје, прочитајте ги во продолжение неверојатните факти за него што сигурно досега не ги знаевте.

1. За секоја боја на кожа постои соодветна нијанса на црвен кармин. Освен чисто црвената нијанса, постојат три варијанти: со портокалов, розов и син пигмент. На жените со светол тен им одговара црвена со розов пигмент, на оние со темен тен – со син, а за жените со жолтеникав тен идеални се портокаловите нијанси.

2. Црвениот кармин бара молив за усни. Едноставно, кога нанесувате црвен кармин, морате да ги дефинирате контурите на усните за тие да не изгледаат криво. Моливот е тука за да спречи карминот да се размачка преку линијата на усните. Нијансата на моливот и карминот мора да се идентични.

3. Со црвениот кармин ќе изгледате елегантно, впечатливо и неверојатно добро! Но, само доколку го носите со соодветна облека. Во спротивно, ќе делувате евтино, па дури и лошо. Еве неколку совети: црвениот кармин одлично одговара со мал, црн фустан, одело, вечерен фустан, бела кошула или со фармерки и кожна јакна. Се сложува и со животинскиот принт.

4. За црвениот кармин да не ви заврши на забите, послужете се со еден стар трик. Бакнете хартиено марамче или парче тоалетна хартија откако ќе го нанесете на усните.

5. Ако имате жолтеникави заби, немојте да користите црвен кармин со портокалов пигмент. Тој дури и на холивудските бели заби им дава жолтеникав тон. Но, затоа жолтите заби со црвен кармин со син пигмент изгледаат совршено бело.

3-30-neverojatni-fakti-i-korisni-soveti-koi-morate-da-gi-znaete-za-crveniot-karmin-www.kafepauza.mk_

6. Не комбинирајте розова облека и црвен кармин! Тоа е ужасен судир на бои, што дури ни најлудиот електрицитет не ги прифаќа.

7. Земете ја предвид и добата од денот, односно количината на светлина на која бојата на карминот ќе биде изложена. За природна дневна светлина избирајте нежни или чисти црвени нијанси, а за вечерни излегувања и вештачко светло избирајте потемни нијанси.

8. Ако имате тенки усни, избегнувајте ја темноцрвената и бордо бојата, како и мат текстурата. Со нив вашите усни ќе изгледаат уште потенко. Користете транспарентни кармини со полн сјај и посветли црвени нијанси.

9. Доколку имате светол тен, црна коса и сини очи, нанесувајте силни црвени кармини. Нема да погрешите!

10. Кога ќе добиете на подарок кармин во нијансата која не ви одговара целосно, немојте да го фрлите! Ставете врз него златен сјај за усни и нијансата ќе стане потопла и понежна. Или додајте малку виолетов кармин за да додадете син пигмент.

2-30-neverojatni-fakti-i-korisni-soveti-koi-morate-da-gi-znaete-za-crveniot-karmin-www.kafepauza.mk_

11. Ако немате руменило кое добро одговара со вашиот црвен кармин, нанесете мали точки кармин на јаболкниците и размачкајте ги со прстите. Ете руменило кое одговара со вашиот кармин.

12. Бидете прецизни кога нанесувате црвен кармин, без разлика дали го правите тоа директно од карминот или со помош на четка, бидејќи дури и најмалата грешка се гледа. А, доколку погрешите, натопете чепкалка за уши со вода, па нежно отстранете го вишокот. Не тријте силно, бидејќи вашата кожа ќе поцрвенее.

13. Немојте да користите молив за усни кој е за две нијанси потемен од вашиот кармин. Тоа изгледа лошо. Ако немате адекватен молив, користете го оној кој се поклопува со вашата природна нијанса на усни или наместо молив користете го врвот на карминот за да ги обликувате усните.

14. За вашите усни да изгледаат полно, на крајот, откако ќе го нанесете карминот со помош на четка, нанесете сјај и на средниот, срцевиден дел од усните.

15. Црвениот кармин идеално ги прикрива силно темните, виолетови или зеленикави подочници. Портокалово-црвениот кармин нанесете го директно на подочниците под очите. Натапкајте го, почекајте минута или две, па врз него нанесете коректор. Ќе забележите, има многу подобар ефект отколку да нанесете само коректор.

Продолжете на следната страница за да ги дознаете преостанатите корисни совети и трикови за оваа женствена боја.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар