20 мали навики кои со сигурност ќе ви го променат животот на подобро

20 мали навики кои со сигурност ќе ви го променат животот на подобро

Денес ви откриваме 20 правила и совети кои можете да ги следите секојдневно, а кои ќе ви го направат животот полесен и поубав. Исто така, ќе бидете попродуктивни и насмевката во ниту еден момент нема да исчезне од вашето убаво лице. Денес е вистинското и најдоброто време за да започнете со нивна примена.

1-20-mali-naviki-koi-zadolzhitelno-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kon-podobro-www.kafepauza,mk_

1. Утрото е попаметно од вечерта. Денес можеби изгледа лошо, но утре е нов ден.

2. Сонот е најдобриот лек.

3. Никогаш не заминувајте лути на спиење. Зборувајте за она што ве мачи пред да заспиете.

4. Слушајте повеќе отколку што зборувате. Кога зборувате, нека тоа биде нешто значајно.

5. Будете се рано и никогаш не го трошите утрото залудно, тоа е најпродуктивното време.

3-20-mali-naviki-koi-zadolzhitelno-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kon-podobro-www.kafepauza,mk_

6. Опростувајте лесно, заборавајте бавно. Почнете од себе.

7. Музиката го менува вашето расположение, моќно и брзо, како и подобро од која било дрога.

8. Вие сте просек од петмина луѓе со кои поминувате најмногу време. Изберете ги многу внимателно.

9. Потрудете се да шетате секојдневно.

10. Пронајдете начин да уживате во моментот. На пример, секогаш застанете и помирисајте ги ружите.

2-20-mali-naviki-koi-zadolzhitelno-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kon-podobro-www.kafepauza,mk_

11. Обидете се да имате контрола над вашите финансии колку што е можно повеќе, без разлика колку е лоша ситуацијата. Ова е најголемиот извор на стрес во животот на паровите.

12. Пофалете ги луѓето околу себе онакви какви што се и не обидувајте се да ги промените. Ако не се добри за вас, едноставно заминете си.

13. Престанете да им дозволувате на другите да дефинираат кои сте вие. Дружете се со луѓе кои го збогатуваат вашиот живот на емотивно, духовно и интелектуално ниво.

14. Секогаш гледајте на животот од поразлична перспектива. Бидете треперливи.

15. Обидете се да не оставите ниту една личност во полоша состојба од пред да ја сретнете. Дајте сѐ од себе за да допринесете нешто корисно во нивниот живот.

4-20-mali-naviki-koi-zadolzhitelno-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kon-podobro-www.kafepauza,mk_

16. Исчистете го вашиот неред. Ако чекате, ќе стане уште поголем и ќе биде потребно многу повеќе време за да биде исчистен.

17. Исклучете се од сите уреди (мобилен телефон, слушалки, лаптоп) барем една недела.

18. Внимателно избирајте што консумирате, започнувајќи од состојките за вашите секојдневни храна и пијалаци, а потоа применете ја истата формула и за изборот на музика, филм, уметност, книги. Ако внесувате ѓубре во себе и во вашиот мозок, и вие во тоа ќе се претворите.

19. Секогаш ценете ги искуствата повеќе од парите. Првото ги шири вашите видици, второто го стеснува умот.

20. Одвреме-навреме направете нешто убаво за себе. Славете мали победи.

Погледнете кои се клучните состојки за среќен живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар