13 прашања наместо „Како го помина денот?“ што можете секојдневно да му ги поставувате на партнерот

После напорниот ден на работа, сигурно првото прашање што му го поставувате на партнерот е „Како го помина денот?“. И обично одговорот кој следува е „Супер“ или „Напорно“ во зависност од потешкотиите со кои се соочил на факултет или пак, на работа. Но, што ако малку ги „зачините“ работите? Сигурно навистина сакате да знаете каков му бил денот на вашиот љубен, па еве неколку прашања за кои е потребен одговор подолг од еден збор.

13-prashanja-koi-mozhete-da-mu-postavite-na-partnerot-kafepauza.mk

1. „Кој дел од денот ти беше најубав?“

Ова прашање навистина ќе го натера да размисли. Ако имал убав ден, ќе му биде тешко да го избере најдобриот дел. Дури потешко е ако денот му поминал лошо. Како и да е, на овој начин ќе му помогнете да пронаоѓа нешто убаво во секој ден, а и ова прашање е одличен почеток за разговор.

2. „Дали направи некоја фотографија денес?“

Без разлика дали направил некое селфи бидејќи изгледал неверојатно, или пак фотографирал пејзажи во паркот, сепак ова е одличен начин да се вклучите во денот на партнерот.

3. „Кој направи да се чувствуваш сакано денес?“

Можеби бил соседот, детето па дури и вашето куче. Без разлика која е причината, ова е нешто за коешто дефинитивно треба да разговарате со партнерот.

4. „Кој е најинтересниот разговор што си го водел денес?“

Можеби тоа ќе биде разговорот што го водите во моментот, или пак разговорот со колегата за некој одмор. На овој начин ќе ги споделите интересните детали од вашиот ден.

5. „Кој дел од денот ти беше најлош?“

Понекогаш вашиот партнер можеби нема да сака да се потсетува на лошите делови од денот, па во ред е да не ви одговори. Но ако сака да разговара, вие ќе му дадете шанса и притоа ќе го утешите или ќе најдете решение доколку станува збор за проблем.

6. „Ако денес беше песна, која песна би било тоа?“

Ова е уште позабавно ако имате заеднички омилен бенд или изведувач. Тогаш прашањето би можело да гласи „Ако денешниот ден е песна од Мајкл Бубле, која песна би бил?“

7. „Што те насмеа денес?“

Размислувањето за смешните случки од денот сигурно ќе го расположи вашиот партнер. Без разлика дали е настан или обична фотографија од Интернет, смешните моменти се одличен почеток за секој разговор.

8. „Што ти беше фрустрирачко денес?“

Ова е уште еден одличен начин да почнете длабок разговор. Вие двајца би требало да се чувствувате удобно меѓу себе и да можете да си кажете сè. Ова е одличен начин да се разговара за нешто пред да почне да предизвикува непотребен стрес.

9. „На што си горд денес?“

Понекогаш можеби најголемото достигнување во денот е што сте успеале да станете од креветот. Без разлика дали е нешто олку едноставно, или нешто навистина значајно, дозволете му на партнерот да се пофали.

10. „Кој ти недостигаше денес?“

Ова прашање е неочекувано. Можеби на вашиот партнер му недостигала мајка му, или пак вие. Ако му недостига некој што може да го побара на телефон, охрабрете го да му се јави веднаш.

11. „Дали слушна нешто интересно денес?“

Можеби слушнал некој интересен разговор додека бил со пријателите, или пак некое интересно видео. А може и да станува збор за некоја чудна песна на радиото.

12. „Кој дел од овој ден ќе го помниш и после 5 години?“

Обидете се направите имагинарна фотографија од барем еден момент секој ден. Направете го секој ден вреден за помнење и споделувајте ги овие искуства со партнерот.

13. „Како можам да ти го направам денот поубав?“

На крајот од денот, вие двајца треба да се поддржувате. Ако сакате да му помогнете на партнерот, и тој ќе сака да го направи истото за вас. Животот секогаш е поубав кога имате некој што сака да ви го разубави денот.

Погледнете и како да го натерате срамежливиот партнер да ви се отвори.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар