10 знаци дека вашиот партнер опасно манипулира со вас

Понекогаш, во врските каде што би требало да имаме љубов, внимание и поддршка, се случува нашиот партнер да нè контролира како марионета. Најлошото од сѐ е што понекогаш не сме свесни за тоа и се обвинуваме себеси за проблемите во врската. Ако се сомневате дека и вашата врска е ваква, во продолжение прочитајте ги најчестите трикови кои манипулаторите ги користат и наједноставни начини да им одолеете.

1. Вие сте виновни. Секогаш!

1-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Сите манипулатори имаат една заедничка вештина: одлични се во тоа да направат да се почувствувате виновни и тогаш кога не сте. Дали некогаш сте побарале помош од партнерот и сте добиле одговор од типот: „Зарем не ти паднало на памет дека можеби сум зафатен?“, „Ти кажав дека имам работа!“, „Зошто секогаш мислиш само на себе?“ И ете, вие сте виновни што сте побарале помош. Во овој случај, вашиот партнер е еден од оние луѓе околу кои се врти целиот свет. За да се спротивставите на оваа манипулација, следете ги следните чекори:

  • Сфатете дека партнерот сака да ве контролира
  • Останете смирени
  • Потсетете го дека е возрасна личност, одговорна за своето однесување

2. И тие се жртви. Секогаш!

2-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Зарем не би сожалувале едно мало, беспомошно маче? Така манипулаторите сакаат да ги гледате. Нивниот живот е многу тежок и болен, па затоа и мора да сочувствувате со нивната несреќа. Манипулаторите го користат овој трик кога бараат „услуга“ или се обидуваат да ја избегнат одговорноста. Ако сте забележале дека вашиот партнер често ви ја полни главата со емотивни приказни од својот несреќен живот, ова може да биде причината. Меѓутоа, не мешајте го ова со ситуациите кога партнерот ги споделува неговите чувства со вас за да добие поддршка. Манипулаторот се обидува само да извлече корист.

3. Провоцираат!

3-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Кога манипулаторот нема повеќе аргументи, ќе се обиде да користи провокации како последно средство. Може да каже работи заради кои нормална личност ќе се запраша дали е манипулатор при чиста свест или ќе се обиде да направи нешто што ќе ги поттикне вашите негативни емоции и заради што ќе се налутите. Целата на ова е да ве вклучи во бесмислена караница и да ве натера да кажете нешто што ќе го искористи во своја одбрана. Кажете им дека тоа што го зборуваат нема смисла – ќе бидете сведоци на трагедија на исто рамниште со Шекспир. Ако воочите вакво однесување, останете мирни и не наседнувајте на провикциите. Вратете го разговорот на главната тема. Ако партнерот продолжи да се однесува на овој начин, подобро е љубезно да го завршите разговорот.

4. Ве притискаат за одлука!

4-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Колку помалку време имаме да одлучиме, толку помалку време имаме за размислување. Манипулаторите ве притискаат брзо да донесете одлуки за да не можете навистина да размислите за нив. Затоа за нив е од исклучителна важност да дадете одговор после само неколку минути размислување. Никогаш не донесувајте ги одлуките веднаш, издвојте време за размислување. Ако вашиот партнер и понатаму ве притиска, забавете го така што ќе му кажете дека ќе размислите за тоа.

5. Вашите проблеми? Никогаш не слушнал за нив!

5-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Втората работа која е заедничка кај манипулаторите е дека не се грижат. Ако сакате да разговарате за проблемите и да ги споделите вашите чувства, манипулаторот најверојатно ќе направи нешто од следното:

  • Ќе го избегнува разговорот и ќе глуми дека е зафатен.
  • Ќе го сврти разговорот кон своите проблеми: „Ужасно ти е што ти дале дополнителна работа денес? Можеш да замислиш како ми е мене што морам да се борам со тоа секојдневно?“ Мислите дека вашиот партнер е загрижен заради вашите проблеми после ова?

Не постојат многу начини за да се заштитите од ваквото однесување. Најверојатно би било подобро да пронајдете некој друг партнер, кој ќе биде грижлив и сочувствителен.

Продолжува на следната страница

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар