10 тивки знаци кои покажуваат дека на вашето тело му е потребна помош

Ако нешто не е во ред со вашиот организам, телото ќе ви го каже тоа. Меѓутоа, ако ги игнорирате овие знаци, како што луѓето најчесто прават, симптомите можат да прераснат во сериозен здравствен проблем. Еве кои се тие сигнали кои ви посочуваат дека на вашето тело му е потребна помош.

10 тивки знаци кои покажуваат дека на вашето тело му е потребна помош

1. Проблеми со спиењето, нервоза и грчеви во нозете

Доколку ве мачат овие проблеми, тогаш треба да консумирате повеќе храна која е богата со магнезиум и калиум, како што е ленено семе, семе од сончоглед, бадеми, спанаќ, кељ, цвекло, сливи и кајсии.

2. Преголема желба за солена храна

Ова посочува на инфекција или воспаление некаде во телото, особено ако се работи за воспаление на урогениталниот тракт. Обидете се со некој природен антибиотик што го лечи воспалението на мочниот меур.

3. Сува кожа

Вашата кожа треба да има повеќе витамин Е и треба да го зголемите внесувањето на растителни масла, риба и ореви.

4. Преголема желба за слатки работи

Ова може да биде знак на исцрпеност на нервниот систем, па на вашето тело му треба повеќе гликоза за да одржува енергија. Во моментите кога ќе почувствувате неодолива желба за слатки работи, подобро е да внесете малку мед или темно чоколадо, со цел да ги избегнете проблемите со гастроинтестиналниот тракт.

5. Крвавење на непцата

Во овој случај морате да пиете повеќе чај и да јадете повеќе овошје, бидејќи тоа крвавење е знак дека ви недостасува витамин Ц. Богати извори на витамин Ц се лукот, овошјето и зеленчукот. Исто така треба да пиете и повеќе чаеви.

10 тивки знаци кои покажуваат дека на вашето тело му е потребна помош

6. Сува кожа на лактите

Ова упатува на недостаток на витамин А и Ц. Консумирајте повеќе портокали, кајсии, моркови и тикви.

7. Зголемена желба за морска храна

Укажува на недостаток на јод во организмот.

8. Голема желба за кисела храна

На вашиот организам му треба храна која ќе ја зголеми работата на жолчката и црниот дроб. Додајте повеќе лимон и брусница во вашата исхрана.

9. Кршлива коса и нокти

Ова упатува на недостаток на витамин Б и калциум. Консумирајте повеќе млеко, компир, мешунки и слично.

10. Преголема желба за сирова храна

Доколку сте желни за сирова храна, тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб или гастритис. Сировата храна ќе ги ублажи грчевите и ќе го смири желудникот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар