10 парчиња облека кои секогаш се во мода

Коко Шанел рекла: „Модата исчезнува, само стилот останува ист.“ Оваа модна икона, чии креации се безвременски, не можела да биде повеќе во право. Модата навистина се менува секоја сезона, но класичниот стил секогаш го издржува тестот на времето. Погледнете кои парчиња облека спаѓаат овде.

1. Сако

(1)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mk

Клучното нешто кога го одбирате ова парче облека без да изгледате мажествено, е да одберете сако кое не е преголемо и кое ја следи линијата на вашето тело. Ако е долго, можете да го носите како фустан и со минималистички накит, или пак да го комбинирате со тесни фармерки за софистициран, но сепак опуштен изглед.

2. Животински принт

(2)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mk

Животнискиот принт останува класика, но само доколку е умерен. Секако, овде не станува збор за розов зебра принт или друга неприродна варијанта на овој изглед. Но природниот дезен на сѐ, од зебра до леопард, па дури и змија, има некоја привлечност. И покрај егзотичниот изглед, животинскиот принт одлично се комбинира со кафени, беж и црни нијанси.

3. „Завиткан“ фустан

(3)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mk

Постојат големи шанси да имате еден (или три) вакви фустани во вашиот гардеробер. Откако бил претставен во 70-тите, до денес има безброј варијации на овој фустан од многу дизајнери и брендови. Инвестирањето во вакво парче облека вреди бидејќи навистина е безвремено.

4. Џемпер од кашмир

(4)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mk

Кашмирот е неверојатно мек и лесен правејќи го одличен материјал за студените денови. Бидејќи навистина е класика, добро е да инвестирате во квалитетен џемпер кој ќе ве служи многу години. Џемпери во неутрални бои, без копчиња или какви било додатоци, се најдобриот избор.

5. Мал црн фустан

(5)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mk

Моќта на овој фустан не треба да се потцени. Можете да го носите од дневно излегување, до работното место, па дури и за вечерно излегување. Секогаш одбирајте фустан кој ја истакнува вашата фигура, а понекогаш може да одберете некој со неочекувани детали, како што се несиметричните јаки.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар