Во продавницата „Маша и Медо“ по најбезбедните седишта за деца

Безбедноста на децата во сообраќајот е на прво место, затоа тие треба да бидат заштитени во возилата. Статистиката  покажува дека најголемиот дел од повредите во автомобил се случуваат бидејќи возрасните не користат појас, а децата не се во специјално детско седиште. Безбедноста на целото семејство е императив со кој не треба да се импровизира.

vo-prodavnicata-masha-i-medo-po-najbezbednite-sedishta-za-deca-kafepauza.mk

Тестирањата на седиштата за деца покажаа дека само одредени производители ја нудат посакуваната безбедност, а еден од нив е германскиот произвoдител на седишта за автомобили  Recaro, чии што производите можат да се најдат новоотворената продавница „Маша и Медо“ која се наоѓа на почетокот на ул. Бојмија во населбата Аеродром.

Овде можете да најдете и многу други работи потребни за вашето дете, како детски столчиња за јадење, релаксатори, колички од брендот Косато и многу други производи за кои заедничка карактеристика е врвниот квалитет и достапните цени.

2-vo-prodavnicata-masha-i-medo-po-najbezbednite-sedishta-za-deca-kafepauza.mk

А секако во оваа прилика се осврнуваме на детските седишта за автомобили Recaro кои се произведени по највисоки стандарди, многукратно тестирани и широко користени во ЕУ. Обезбедуваат заштита  при удар во областа на главата и удари од предна страна, а имаат и иновативни потпирачи за глава што овозможува комфор за бебињата и малите деца.

3-vo-prodavnicata-masha-i-medo-po-najbezbednite-sedishta-za-deca-kafepauza.mk4-vo-prodavnicata-masha-i-medo-po-najbezbednite-sedishta-za-deca-kafepauza.mk

Без разлика колку вашето дете е темпераментно, една од причините за неговиот отпор и одбивање е неудобноста и неприлагоденото седиште на детскиот карактер. Експертите  велат дека седиштето треба да е удобно, меко, од природни материјали, ергономско, да не го стега премногу детето, и да обезбедува најголема безбедност. Независно од тоа дали сте на кратко патување до локалниот супермаркет или на подолго  патување, детските седишта се задолжителни за деца до 12‐годишна возраст и до висина од 150 см.

Безбедноста на децата е бесценета! Вашите деца го заслужуваат најдоброто, а тоа го има во продавницата „Маша и Медо“!

5-vo-prodavnicata-masha-i-medo-po-najbezbednite-sedishta-za-deca-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар