Хороскопскиот знак со мрачни емоции, непресушна енергија и стотици тајни

Луѓето родени во овој знак хипнотизираат со нивниот поглед, а нивната енергија ќе ја почувствувате дури и кога изгледаат целосно незаинтересирано. Со нивната појава, овие луѓе оддаваат нешто од другиот, нематеријален свет кој не можеме да го допреме.

Хороскопскиот знак со мрачни емоции, непресушна енергија и стотици тајни

Станува збор за Скорпија. Куќата на осмиот знак од зодијакот е Марс. Како и секој знак, и овој е поделен на 3 декади. Првиот му припаѓа на Марс, вториот на сонцето, а третиот на Венера. Природата на овој знак е ладна и влажна, водена и флегматична. Скорпијата е женски, мрачен и ноќен знак. Му припаѓаат грабливците, водните животни, реките и дрвјата со умерена висина. Може да има многу деца, може да биде и развратен. Склон е кон гнев, по малку лаже, многу е внимателен, со убаво лице и многу е дарежлив.

Скорпијата владее со осмата куќа која се однесува на смртта, загубата, но и на наследството. Воедно ова е и окултна куќа. Елементот на Скорпијата е вода, а ова ја прави емотивна. Марс од друга страна ја прави страсна, динамична и подготвена за акција. Скорпијата е интуитивна исто како и Ракот и Рибите, па секогаш го наоѓа длабокото значење кое се крие под површината.

Изглед

Скорпиите се навистина привлечни, но не на оној класичен, сладок начин како Вагите. Тие имаат мистерија која постојано ја носат со себе. Тие хипнотизираат со својот поглед и ќе ја чувствувате нивната енергија дури и кога изгледаат незаинтересирано и отсутно.

Карактер

Природата на карактерот на Скорпиите е полна со противречности. Тие се извор на неизмерна страст и чувства. Иако тие се детективи кои постојано душкаат наоколу, имаат повеќе тајни од кој било друг. Нивната најизразена особина е воздржаноста, а токму ова ги прави таинствени. Никогаш не дозволуваат некој да навлезе во нивните најинтимни и најскриени делови, а умешно ги кријат и своите слаби точки. Она што често им дава предност на Скорпиите е нивната силна интуиција која им помага да разликуваат вистина од лага и добро од зло.

Скорпиите се борци кои секогаш се борат сами. Нив им е поважно што тие мислат за себе и за своите дела, отколку мислењето на луѓето околу нив. Ако процени дека живее меѓу површни луѓе, Скорпијата има моќ да се оддели и да живее сама. Ако никој не сака да ја следи, сама ќе тргне да ја открива тајната на смислата на животот и светот. Понекогаш може да изгледа и малку отсутно, бидејќи дури и кога забележува сè, чувствува дека овој свет не е крајот.

Светот на Скорпиите можат да го разберат само другите водни знаци, Раковите и Рибите. Тие се присебни и ладнокрвни дури и во најризичните ситуации бидејќи не им е страв. Кога сакаат да остварат некоја цел, одат до самиот крај, до границите кои им се недостапни на другите и тоа без многу размислување за последиците. Поради ова често изгледаат безобѕирно. Скорпијата која се движи не можете да ја сопрете, можете само да ја следите. Таа никогаш не застанува на пола пат. Под навидум мирниот изглед, се крие вистински вулкан. Ако не е правилно насочена, оваа силна енергија може да стане деструктивна. Опседнатоста со смртта потекнува од нивните чудни соништа. Само Раковите имаат исти вакви морбидни соништа како Скорпиите.

Не треба да влегувате во конфликт со Скорпија бидејќи тие се најлошите непријатели. Тие се интелигентни, многу храбри, но и одмаздољубиви. Долго ги помнат навредите, а нивната интуиција ќе им помогне веднаш да ја пронајдат вашата слаба точка.

Скорпиите не се заинтересирани за наклонетост, не ласкаат и не го очекуваат тоа од другите, бидејќи се свесни за својата вредност. Не делат совети, но ако ги прашате за мислење слушајте внимателно бидејќи секогаш ја кажуваат вистината.

Понекогаш може да излажат само за да повредат некого и може да се однесуваат како шпиони. Го разбираат и она што не е кажано. Ако имаат иста идеја со некој, без размислување ја нудат својата огромна моќ. Тие се навистина амбициозни и ако сакаат можат да бидат многу добри работници. Нивната издржливост не им дозволува да напуштат нешто пред да го направат совршено.

Љубов

Бидејќи се страсни и посесивни, Скорпиите често се доминантни во врската. Врската со нив подразбира екстреми од секаков вид, од емоции и духовно издигнување, до мрак и уништување. Најтешко е да се живее со претставниците на овој знак. Тие се перфекционисти, а посесивноста води до садизам и најчесто ги малтретираат оние што најмногу ги сакаат.

Речиси никогаш не ги покажуваат вистинските чувства поради големата самоконтрола, па никогаш нема да знаете на што сте. Нема да ви ги откријат нивните тајни, но ќе направат сè за да ги дознаат туѓите. Не делат комплименти за да заведат некого. Ако ги напуштите, ќе изгледаат мирно и ќе ве тераат да се прашувате дали воопшто ве сакале. Ако ве сакале, едноставно ќе ве отстранат од животот и ќе ве заборават.

Кога ќе се вљубат, тие освојуваат по секоја цена. Но без разлика колку се вљубени, не изјавуваат љубов и не идеализираат бидејќи знаат кој колку вреди. Не очекувајте љубовта да ги „полуди“ бидејќи не се толку романтични и нежни. Ако ја пронајдат вистинската љубов, Скорпиите ќе направат сè за неа. Ќе ја штитат на секој начин и ќе ја сакаат незаборавно и доживотно. Немојте да се изненадите ако запознаете Скорпија која ја изгубила вистинската љубов, но сепак ѝ останала верна, исклучувајќи ја секоја можност повторно да љуби.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте апсолутна Скорпија во хороскоп.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар