Хороскопот открива: Што ве прави ужасна личност?

Доколку мислевте дека вашиот хороскопски знак е прекрасен, мора да ве разочараме, бидејќи секој си има своја темна страна. Еве кои особини прават да делувате навистина ужасно.

1-horoskopot-otkriva-shto-ve-pravi-uzhasna-lichnost-www.kafepauza.mk_

Овен

Арогантни сте и „крути“, а вашето его е повисоко и од највисоката планина. Со тоа ги одбивате луѓето околу себе, но вас како воопшто да не ви е грижа. За вас не постои релевантна дискусија, бидејќи вие сте тврдоглави и кога ќе зацртате нешто тоа е така и ниту еден рационален аргумент не може да го промени тоа. Вие воопшто не сакате да ја слушате другата страна, бидејќи веднаш во почетокот знаете дека не е во право. Се однесувате импулсивно и безобразно, а со вас е убаво на работното место само кога ќе заминете!

Бик

Толку сте мрзливи и себични што тоа е вистинско чудо! Чувствувате како целиот свет да треба да ви се покорува. Сметате дека заслужувате многу, а едноставно не можете да станете од креветот и да направите нешто се себе и вашиот живот. Вие сте љубоморни и посесивни, не само кога е љубовта во прашање, туку и за материјалните работи. Но, за разлика од вас, тие личности станале од кревет и создале нешто. Не прифаќате „не“ како одговор, умеете да се однесувате нескромно, на момент евтино, а понекогаш сте и прилично непристојни.

Близнаци

Нервозни сте и немате способност да донесете одлуки. Не можете да одлучите што ви е навистина важно во животот, не можете да се фокусирате и така пропуштате важни животни прилики. Притоа, вие сте површни и најважни во животот ви се материјалните работи. Интелигентни сте, но сè многу брзо ви досадува. Вашата енергија е неограничена, вие сте големи ентузијасти, но со тоа создавате хаос околу себе кој никој не може да го разбере. Не умеете ниту да се организирате како што треба. Вие сте дволична личност и луѓето честопати мислат дека воопшто не е нормално колку често можете да го промените вашето расположение и мислење во текот на денот!

Рак

И вашето расположение постојано се менува, песимистични сте, хиперсензитивни, но и сте во состојба постојано да кукате и да се жалите. Мислите дека сте во некоја неволја, глумите жртва, а без разлика каде и да тргнете, вас ве следи некоја виолина која свири тажна песна. Повеќе сакате да седите дома, отколку да работите, бидејќи едноставно не можете да се изборите со целиот тој стрес и напнатост. Не доаѓате на работа, а потоа ќе добиете отказ кој за вас е вистинска премија. Само никогаш повеќе да не ги видите тие грозни луѓе.

Лав

Вашето его не познава граници. Вие сте самите себеси сте си најголемите кралеви и кралици и не ви е јасно зошто останатите не го забележуваат тоа. Обожавате да правите драма без никаква причина, бидејќи вие едноставно сакате да бидете во центарот на вниманието. Тоа што изгледате одлично за вас е најважно во вашиот свет на површност и ништо друго не ве интересира. Сакате да ги контролирате луѓето, опсесивни сте и немате трпение за неважните личности во вашиот живот.

Девица

Нервозни сте, тврдоглави и ужасно критички настроени. Никогаш не сте задоволни, секогаш нешто ви пречи, а кога околу вас не постои ред и мир – мислите дека ќе полудите. Освен тоа што се „храните“ со анализирање на сè и сешто, сакате да живеете и во минатото, а модернизацијата во која било смисла воопшто не ви одговара. Од сите знаци во хороскопот вие сте најмалку проценливи и креативни. Секогаш го зборувате она што го мислите, ја цените конструктивната критика и бруталната искреност, бидејќи и вие самите сте такви. Понекогаш немате своја личност, без разлика на тоа колку години имате.

Вага

Вие сте идеален партнер за сите доминантни знаци, бидејќи тоа што не можете да се одлучите, тоа што постојано се колебате и се предомислувате, ве прави одлични „трофеј“ сопруг или сопруга. Се водите според идејата дека вашиот добар изглед ќе ви обезбеди сè што ви е потребно, па затоа и нема причина да работите. Честопати се однесувате пасивно-агресивно и многу лесно манипулирате со останатите личности. Иако делувате прилично збунето, вие сте навистина паметни и понекогаш и тоа како играте тактички. Им го покажувате на луѓето само она што тие сакаат да го видат.

Скорпија

Скорпиите се најбезмилосниот и најомразениот знак во целиот хороскоп. Единствено нешто што е добро кај вас е тоа што сте секси, а луѓето сакаат да ги смират „непослушните“ момци и девојки. Вие сакате да се одмаздувате и уживате во страдањето на другите, особено ако сте заслужни за истото. Вие сте нарциси, љубоморни, бесни, слепо амбициозни и лукави, без ниту малку сочувство. Шведска маса на чисто зло! Манипулативни, таинствени, лукави и „гладни“ за моќ – тоа сте вие. Во секого гледате непријател, а дури и кога му се насмевнувате некому, во суштина „готвите“ пеколен план.

Стрелец

Немате осет, не познавате дипломатија и многумина би требало да ве мразат поради тоа, но всушност тоа не се случува! Вие ги привлекувате луѓето! Страсни сте, искрени, но често живеете во некој свој свет кој не личи на оној вистинскиот, кој е надвор од вашата глава. Не знаете да прифатите критика и мисите дека сите само вас ве напаѓаат и омаловажуваат, дека сите ви посакуваат зло. Секогаш мислите дека некој друг е виновен, а дека вие сте ангелче кое немало лоши намери. Луѓето честопати мислат дека се однесувате глупаво.

Јарец

На луѓето честопати им изгледате досадно и плачливо. Исто како и Раковите, и вие постојано глумите жртва и секогаш патите поради нешто. Песимистични сте и на сè гледате како на трагедија. Ниту малку не мечтаете и никогаш не сте направиле нешто спонтано во вашиот живот. Живеете во некој ваш свет, тотално окупирани со себе и воопшто не забележувате дека луѓето бегаат од вас. Иако сте доста емотивни, вие ни малку не сте емпатични. Некои би рекле дека сте срамежливи, но вие всушност сте тотално заљубени во себе и антисоцијални. Сепак, самите себеси сте си омилена личност!

Водолија

Непредвидливи сте, недоследни, непопустливи и тврдоглави. Вие сте вистински екстремист и секогаш одите на сè или ништо. Не само што сте нарцис, туку сте и вистински контролори. Иако умеете да слушате, вашиот мозок е секогаш некаде далеку, во своите мисли и идеи и не умеете рационално да разговарате. Секогаш имате свои верзии на вистината. Доцните, често сте неуредни, го правите она што го сакате и без срам им се смеете на луѓето во лице. Нервозни сте, мелодраматични, манипулативни и прилично негативни.

Риби

Целиот живот бегате од реалноста и во вашата глава создавате идеален свет. Вие сте идеалист кој е хронично деморализиран, и од секоја мува правите слон. Ужасен перфекционист, а без разлика колку некој се однесува добро кон вас, вам тоа не ви е доволно, бидејќи сте толку нежни и чувствителни. Нервозни сте и неразумни, а кога сакате да му помогнете некому тоа го правите исклучиво од себични причини. Не сте алтруист како што мислат луѓето. Вашите мотиви никогаш не се чисти и во сè ја гледате вашата корист. Пречувствителни, песимистични и перфекционистички настроени, се ограничувате самите себе. Не знаете да бидете благодарни ниту за она што го имате.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар