Како ќе ни влијае Месечината во Стрелец на 23 ноември?

Како ќе ни влијае Месечината во Стрелец на 23 ноември?

Месечината во Стрелец која нè очекува на 23 ноември го претставува почетокот на новиот лунарен циклус и во тој нов лунарен циклус ветува нови почетоци и нови авантури.

Како ќе ни влијае Месечината во Стрелец на 23 ноември?

Промените во животот честопати се јавуваат како резултат на одлуките да ги правите работите поинаку. Ова вклучува усвојување нови навики, пристапување на работите од поинаков агол и раскажување нова приказна.

Јупитер, планетата на изобилството, ќе биде исто така активен за време на овој период. Јупитер е најголемата планета во нашиот Сончев систем, па неговата активност на небото ќе ви овозможи да ја почувствувате неговата енергија! За време на последните денови од својот ретрограден тек, Јупитер ќе транзитира низ знакот Риби, а тоа ќе влијае врз вашата креативност и духовност. Освен тоа, ќе ви помогне и да се поврзете со вашата чувствителна страна.

Јупитер ќе ви овозможи да ја видите поголемата слика. Ќе ви даде можност да ги видите работите од поширока перспектива. Неговата енергија може да ја прошири не само вашата свест туку и вашето енергетско поле воопшто. Со проширено енергетско поле, ќе можете да се чувствувате оптимисти и да бидете посигурни во себе. Тоа ќе ви овозможи со поголема леснотија да ја забележите убавината и позитивната страна на нештата.

Ако сте минувале низ предизвикувачки период, ако ве мачат тешкотии, знајте дека оваа млада месечина ќе ви помогне да ја проширите перспективата за да можете да направите промени и да го смените начинот на кој пристапувате кон работите. Енергијата на Јупитер ќе биде на ваша страна за да ви даде сила таму каде што ви е најпотребна.

Освен тоа, оваа енергија ќе ви биде потсетник дека никогаш не е доцна за нов почеток и дека понекогаш можете да ги искористите болката и негативните искуства како алатки за подобро да се спознаете себеси и на тој начин да им се препуштите на новите предизвици.

Откако прочитавте за влијанието на Месечината во Стрелец на 23 ноември, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци во ноември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар