Неделен хороскоп од 9 до 15 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 9 до 15 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте ја астролошката прогноза за оваа недела!

Неделен хороскоп од 9 до 15 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Мали радости, необични познанства, успеси во љубовта и пресврти на судбината – сето тоа може да се очекува по завршувањето на ретроградната фаза на Марс на 12 јануари. Освен тоа, на почетокот на неделата ќе ви биде тешко да се фокусирате на работата. Затоа, астролозите ви советуваат да си дадете време да ги смирите нервите и да се одморите.

Бик

Сè уште е рано за големи промени во кариерата и работата, но затоа, пак, овој период ќе биде идеален за љубовни и романтични врски, комуникација со семејството, децата. Ќе ви биде неопходно да ги задржите смиреноста и оптимизмот, особено во средината на јануари. Не треба да се грижите премногу бидејќи дури и ако се појават проблеми, веројатно ќе најдете решение.

Близнаци

Оваа недела обидете се да не им потклекнете на емоционалните импулси, но можна е нова романтична средба. Сепак, ѕвездите ве советуваат да бидете исклучително внимателни кога се среќавате со непријателски расположени луѓе.

Рак

Слушнете го сопственото тело. Најверојатно ќе најдете знаци кои ќе укажат на емоционални и физички проблеми. Освен тоа, добро би било да не ги одложувате задачите и да ги исполните дадените ветувања. Астролозите, исто така, не ви препорачуваат позајмување пари.

Лав

Ќе морате да ги наполните „батериите“ со нова енергија за да можете да продолжите со реализацијата на вашите планови. Исто така, астролозите ви препорачуваат да бидете повнимателни со флертувањето на работното место – сè уште не треба да го комбинирате успехот во кариерата со романтични авантури. Недела ќе биде добар ден за движење, помирување со поранешен партнер, како и за воспоставување комуникација со пријателите и роднините.

Девица

Емпатијата што ја чувствувате кон другите може да ви помогне во обидот да го анализирате туѓиот карактер и да го предвидите туѓото однесување. Освен тоа, оваа недела ќе биде добар период да се посветите на работата, но и да почнете да трагате по нов извор на приход и инспирација. Со други зборови, ќе имате многу добри шанси да го зголемите семејниот буџет.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар