Како да си простите кога мислите дека не заслужувате прошка?

Понекогаш на луѓето им е навистина тешко да си простат, дури и за нешта за кои не се виновни. Ова многу често им се случува на луѓе кои се жртви на некаков вид насилство. Кажано ни е дека треба да си простиме што сме жртви на туѓи злодела, но запрашајте се за што има да си простувате.

Како да си простите кога мислите дека не заслужувате прошка?

Луѓето кои преживеале некаква злоупотреба често се обвинувани бидејќи биле жртви, па сосема нормално е да чувствуваат вина. Ако сте жртва може да ве прашуваат зошто сте го носеле тој фустан, или зошто сте се напиле алкохол кога сте излегле со погрешна личност. Другите бараат да бидете „совршена“ жртва.

Општеството ве срами, но траумите кои ги искусувате носат и свој токсичен срам. Самиот ефект на траумата е што прави да се чувствувате мало, невидливо и ве убедува дека не сте доволно добри. Срамот ве истрошува и ве тера да се оправдувате и да се извинувате. Треба да објаснувате зошто сте направиле нешто и зошто сте биле со личност која ве повредила.

Почнувате да се обвинувате и да се испрашувате. Се сомневате дека сте биле жртва. Не ви е јасно како сте биле наивни. Наместо утеха, ви велат да бидете подобри наредниот пат. Потребно е целосно реформирање на овие прашања, и во општеството и кај самите себе. Простете си за нештата за кои мислите дека сте виновни, но имајте на ум дека не треба да преземате вина за злоделата на другите.

Само затоа што сте останале подолго отколку што требало во лоша врска, не значи дека сте го заслужиле злоупотребувањето. Не сте криви ако некој ја злоупотребил вашата доверба.

Наместо да се прашувате дали навистина сте жртви, запрашајте се како да се излечите, како да се грижите за себе и каква поддршка ви е потребна. Бидете нежни кон себе, дајте си време. Важно е да знаете дека не е ваша вина што сте станале жртва.

Луѓето кои злоупотребуваат се оние кои треба да се каат, а не оние кои ја преживеале траумата. Иако после ваков настан нормално е да се обвинувате, не заборавајте дека нема за што да си просите – не треба да си простите што сте станале нечија жртва.

Прочитајте и како да простите кога тоа ви изгледа невозможно.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар